28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБелата течност во Брегалница потекнува од фабриката „Техникал“ кај Штип

Белата течност во Брегалница потекнува од фабриката „Техникал“ кај Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Белата течност во Брегалница потекнува од фабриката „Техникал“ во ТИРЗ зоната кај Штип, а по каналот за атмосферски води од неколку километри вчера околу 17 часот истекла во коритото на реката, рече градоначалникот на Штип Благој Бочварски. Непријатната реа се чувствуваше и во текот на ноќта, не само покај реката, туку и во подалечните населби.

<

„По синаќашниот увид, инспекторите констатираа дека транспортната фирма добавувач на течност која се употребува во производствениот процес на фабриката ‘Техникал’ имала пукање на цевката, па белата течност по атмосферскиот канал се слеала во реката Брегалница. Очекуваме утврдување на фактите и брзо затворање на постапката“, вели Бочварски, кој апелира до надлежните инспекторати да утврдат за какво загадување се работи и колкава е можната штета по живот свет во реката и по луѓето, и „по словото на законот да изречат казни на сите кои се инволвирани во случајот“.

Во врска со водата за пиење, Бочварски рече дека стручни лица од Секторот за јавно здравје и од ЈП „Исар “ извршиле контроли на влезната и излезната вода на филтер станицата и дека засега нема никаква опасност по здравјето на граѓаните, затоа што рени бунарите покрај реката Брегалница биле добро заштитени и се на повисоко ниво, но и редовно ќе се врши контрола на сите води што доаѓаат до филтер станицата во Штип.

„Техникал“ е една од трите компании кои имаат свои фабрики во ТИРЗ зоната кај Штип. Произведува фиберглас мрежа за изолациони системи и фасади. Производствениот процес барал употреба и на некои посебни хамикалии, па за тие потреби фабриката со деловни партнери превозници ги набавувала потребните течни материјали неопходни за производството.

izvor – sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...