-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСкандал - Зибери се фали дека сред епидемија помогнал да ги отворат...

Скандал – Зибери се фали дека сред епидемија помогнал да ги отворат границите за да дојдат гласачи на ДУИ

spot_img

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат да гласаат за Албанец премиер на изборите на 15 јули и се пофали дека тој како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколите препорачани од Светската здравствена организација.

Зибери е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина  на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, вели Зибери.

Иако за себе пишува дека е член на Комисијата за заразни болести, неговото име не е на официјалниот список со членови на Комисијата, објавен на владиниот веб сајт коронавирус.гов.мк.

Вицепремиерот Бујар Османи претходно на Фејсбук напиша дека е време да се отвораат аеродромите и границите без никакви ограничувања.

Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција вчера рече дека отворањето на границите од утре (петок) без никакво ограничување и почнување со работа на аеродромите идната среда не е политичка одлука донесена во пресрет на изборите, туку е донесена по анализите и препораките на Комисијата за заразни болести.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...