26 C
Ohrid
петок, јули 10, 2020
Почетна Македонија ВЕЛО МАРКОВСКИ ЗА МАГАЗИН: СЕ СООЧУВАМЕ СО ВЕШТАЧКИ ПРОДОЛЖЕН ПРВ БРАН

ВЕЛО МАРКОВСКИ ЗА МАГАЗИН: СЕ СООЧУВАМЕ СО ВЕШТАЧКИ ПРОДОЛЖЕН ПРВ БРАН

Translate (Eng):[gtranslate]

На почетокот мерките беа соодветни, и слични како во најголемиот број на земји околу нас и во светот. Но за жал ние останавме крути во ставовите без да создадеме своја државна стратегија, соодветна со нашите специфики. Ние моравме да создадеме стратегија за справување со КОВИД-19 пандемијата, и да избереме јасен модел, што очекуваме, кога и како ќе излеземе од пандемијава, кои жртви ќе ги имаме, колкав негативен ефект ќе имаме во економијата, и што е најважно како ќе ги менаџираме другите здравствени состојби и болести, за да не дојдеме во состојба кога жртвите од преземените мерки за заштита од КОВИД-19 ќе бидат поголеми од жртвите од самата болест предизвикана од корана вирусот САРС ков-2, вели во интервју за Магазин, проф. д-р Вело Марковски, кој уште од самиот почеток на пандемијата јасно излезе со свои ставови за рестриктивните мерки, често пати спротивни на оние на првиот човек на здравството, министерот Венко Филипче.
Изминатиов период се соочивме со пакет рестриктивни мерки, дел од нив и премногу строги. Сметате ли дека превземените мерки кај нас беа сосема доволни, или пак требаше да се одбере конкретен модел и стратегија за справување со вирусот?
Ние после првиот месец веќе требаше да се соземеме од шокот, да го прифатиме реланото постоење на КОВИД-19, и да избереме модел за најдобар излез од оваа состојба. За жал ние два ипол месеци држевме многу строги рестриктивни мерки, и го држевме бројот на нови позитивни на 20-30 дневно, притоа создавајќи лажна слика и самоуверување дека ние го држиме вирусот под контрола. И навистина, може да се држи ваков број на ново инфицирани/позитивни и долго време, со месеци, можеби и година применувајќи строги мерки, полициски час за цело време, карантински мерки. Во тоа е апсурдноста на избраниот модел на непризнавање на болеста, односно желбата никој да не ни се разболе од КОВИД-19. А што станува со другите болести? Може ли економијата да издржи ваква една состојба. Што се случува со соедите, како тие се справуваат, ќе останеме ли изолирани? И најважното од се, што кога еден ден ќе мораме да ги олабавиме или укинеме мерките. Што ќе се случи тогаш, дали ќе имаме скок на ново заболени/позитивни. Што сме постигнале, сме изгубиле неколку месеци, сме изгубиле околу 6 милјарди евра за три месеци, не сме воделе грижа за другите болести (пред се малигните и хроничните болни), не сме правеле систематски прегледи, не сме излегувале на сонце, психофизичкото здравје на населението сме го нарушиле. При тоа сме ги умориле луѓето од првите борбени линии (лекари, полицајци…)

Значи, да резимирам, мерките си се мерки, но за да ги цениме дали се добри или не треба да ги анализираме од аспект што сме сакаме и што сме постигнале. Ние ниеднаш не кажавме јасно што сакаме да постигнеме, едноставно држевме колку што можевме и очекувавме вирусот природно да се повлече, за жал очигледно е дека не се повлече. Од тој аспект ни требаше и се уште ни треба јасна стратегија и избор на реален модел базиран на економската благосостојба на државата, карактерот, верските навики, информираноста и колективниот дух на населението, капацитетите на здравствениот систем…

2. Пред неколку дена министерот за Здравство Венко Филипче изјави дека вториот бран дојде порано од очекуваното, според вас дали ова што го гледаме во моментот, односно зголемувањето на бројот на заболени кој веќе неколку недели не се намалува е резултат на втор бран?

РЕКЛАМА

Мислам дека не се работи за втор бран, за да има втор бран треба да заврши првиот бран. Мислам дека ова е вештачки продолжен прв бран ( со престроги мерки). Всушност вакви бројки требаше да се има/очекува на почетокот на пандемијата, во најголемиот број на државите првиот бран со правилна амплитуда на зголемување, постигнување врв и спуштање на бројот на позитивни и заболени траеше 2,5 до 3 месеци.

3.Речиси три недели сме сведоци на голем број на заболени од Ковид-19, односно трицифрена бројка која не се намалува. Можеше ли да се спречи големиот број на заболени, беше ли можеби потребно воведување на нови рестриктивните мерки ?

Можевме да го спречиме, веројатно, но до кога и прашањето е дали треба по секоја цена да се спречува инфекцијата, имајќи во предвид дека сепак најголемиот број многу лесно ја поминува инфекцијата со КОВИД-19, и дека не е можно да се спречи во целост вирусна горнореспираторна инфекција која се прнесува со зборување, кивање и кашлање. Таква стратегија на целосно спречување на инфекција се прави кај карантински болести поради висока смртнос (30-70%) или во случајов ако знаеме/знаевме кога точно вирусот (САРС ков-2) ќе го снема.

4.Беше ли прерано донесена одлуката за враќање на животот во нормала со оглед на тоа дека поголемиот дел од рестриктивните мерки беа укинати на крајот на минатиот месец, токму во моментот кога бројот на заболени од Ковид-19 почна да се зголемува?

Ние мора да се навикнеме да живееме со една новонастаната состојба поради појава на мутација на еден безопасен вирус. КОВИД-19 е тука и паничното реагирање без почитување на науката нема да ни помогне за го снема. При тоа секогаш кога има ваква појава на нова болест ( не е прв пат) науката е таа што треба и мора да го најде решението кое нјачесто произлегува од објаснување и разјаснување на патогенетскиот механизам. Во случајов нас не не плашат позитивните, асимптоматските случаи, ниту пак лесните случаи, туку светот го плашат смртните случаи, односно тоа што незнаеме зошто еден мал процент ни влегува во тешка состојба на акутен респираторен дистрес синдром и ни умираат луѓето поради тоа, а современата медицина е немоќна.

5. Животот полека се враќа во нормала, се отворија кафеаните, кафулињата, границите… Совет од вас, како да се функционира во време на пандемија?

Мора и ние да се навикнеме да живееме со КОВИД-19. Само неколку мерки ни се потребни за да контролираме колку новозаразени ќе имаме.. Тоа е затворање на училишта, забрана на јавни собири и носење на заштитни маски за лице во затворени простории во кои се собираат повеќе луѓе. Кај нас евидентно е дека најголемиот број на новоинфицирани (ако не и сите) се поради јавни собири од различен карактер (свадби, родендени, мекици, верски собирања…) Олабавувањето или затегањето на овие мерки мора да биде во тесна корелација со исполнетоста и кондицијата на здравствениот ситем.

Во овој момент кога здравствениот систем е сериозно оптеретен, неопходно е почитување на мерката забрана на јавни собири, и тука мора да бидеме ригорозни се до враќање на кондицијата на здравствениот ситем.

Вчера се отворија и границите а со тоа многумина веќе размислуваат за заминување на годишен одмор, но сепак постои онаа доза на страв.

Проф.доктор Вело Марковски охрабрува и советува дека многу е важно да се врати психофизичката кондиција на населението час поскоро (ако веќе не е доцна). Според него, потребно е што повеќе пливање, сончање, шетање по планини, за да спремни ја дочекаме есента и зимата.

За повеќе може да прочитате нa Магазин.Мк

- Реклами -