16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПоплавите во Битола направија огромни штети, владата им вети помош. (Видео)

Поплавите во Битола направија огромни штети, владата им вети помош. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

36 литри на на метар квадратен заврнаа за само 15 минути заврнаа во најголемиот удар од вчерашното силно невреме кое ја зафати Битола. Според информациите, во текот на 24 часа паднале 54 литри на метар квадратен. Се делуваше и со градобијни ракети за растерување на тешките облаци со град. Поројниот дожд проследен со електрични празнења и силен ветер поплави улици, но и домови и станбени згради. Една од најпоплавените улици беше „Ѓорче Петров“. Жителите на таа улица сведочат што преживеале.

<

-Од канализација, и од купатило, враќа, од секаде како да извираше водата. Влезе во сите соби и направи голем зијан, од електрика ништо не може да се уклучи се е во водас. Не знаеме како ќе живееме, да се живее ќе мора да се реновира, изјави Тони Марковски, жител на ул.„Ѓорче Петров“.

-Од ќерка ми магистратурата документ ниеден не остана. Нема документ. Се плашевме дека ќе се удавиме ако продолжеше да врни. Цела ноќ ја поминавме страшно, со моторчиња со кофи ја вадевме водата до 4 сабајле, вели Даница Марковска, жител на ул.„Ѓорче Петров“.

83-годишната Пера Марковска внуците ја ваделе преку прозорец, затоа што не можеле да влезат преку вратата заради водата.

-Ме извадоа низ џам и си заминав, не можев да стојам повеќе, вели Пера Марковска, жител на ул.„Ѓорче Петров“.

Автомобилот на Крсте Трајчевски кој бил паркиран на улицата, пливал во вода.

-Скоро до шофершајбна. Пред два дена имаше вода, но до тротоар, вчера имаше многу. Чаре за ова само да се пушти цевка под линија. Од главниот колектор на главната улица, шахта има, да се ископа каналот стои. Само цевка да се врзи, таа вода прво ќе се исцеди таму, оваа ќе ја прими, вели Крсте Трајчевски, жител на ул.„Ѓорче Петров“.

Јавните претпријатија и пожарната ноќеска интервенираа на критичните точки, а се испумпуваше и водата од куќи, станови и установи. Денеска се расчистуваа остатоците кои сведочеа за вчерашното невреме, а ќе се врши и дезинфекција.

– Карактеристично и забележително беше тоа што веднаш по запирањето на дождот, од повеќето критични точки водата се повлече, што покажува дека сепак повеќе дискутабилна била поројноста на дождот, отколку канализациониот систем, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

сител

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...