17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети: Јас сум победник во две војни, ги победив македонците овде а...

Ахмети: Јас сум победник во две војни, ги победив македонците овде а победив и во Косово ние сме газди на оваа земја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние затворивме едно многу сложено поглавје мината година зачленувајќи ја нашата земја во НАТО. Сега се отвара ново поглавје за зачленувањето на нашата земја во Европската Унија  кoј не е лесен предизивк бидејќи нас не очекува тешка работа, знаење и стручност, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од Дебар.

<

– Воспоставувањето на европските стандарди во ова земја ни го забрзува нашиот пат кон членството и овие стандарди се: ветингот во сите  области, почнувајќи од политичарите, пратениците, функционирите и градоначалниците, судиите, обвинителите, полицајците и командирите. Зошто сите да не поминат низ филтер ? Јавно сум побарал  да се отвори истрага од почеток на нашето дествување на нашето големо семејство од 2002 година до денес. Само така може да бидеме сигурни и одлучни зголемувајќи ја довербата еден кон друг – рече Ахмети.

Тој истакна дека во ова поглавје што се отвара има и од тие кои се скептични неверувајќи во остварувањето на нашите цели, при што не треба да не спречат.

– Да веруваш  е доблест, храброст, нестанувајќи олеснувач главата секогаш се враќа назад кон пропаст. Ние секогаш сме верувале и тоа ни помогнало. Јас и моите соработници со кои соработуваме 30-тина години секогаш ќе бидеме ваши чувари, таму каде ќе имате потешкотии да знаете дека мечот на вашите постари браќа нема да престане и секогаш ќе излезете горди. За 20 години во ова земја, Албанците инвестирале многу во младината, инвестиравме во ова богатство  и сум горд за подготовките кои ги има и во секое соочување ме направија горд, нашата младина досоинствено не претстави во органите на извршната и локалната власт – истакна Ахмети.

 

Идејата за премиер Албанец, што ја иницираше ДУИ, според Ахмети нема ниту куршум ниту сила што може да ја уништи бидејќи идеите не можат да се убијат, тие триумфираат.

– Ние не влеговме во трка за да се шегуваме за првиот премиер Албанец, не сакаме и не го правиме тоа за да го подобриме угледот ниту да ја поправиме историјата на ДУИ, ниту пак да ја збогатам мојата лична историја, бидејќи нема поголеми моменти од тоа што се знае дека јас сум победник на двете војни во Косово и војната во 2001 година, тука во РСМ. Ние излеговме со ова идеја за да победат Албанците бидејќи тие се сопственици во ова земја и нема причина некој да биде толку загрижен како што ги гледам моите колеги Зоран и Мицковски и неколку помали кои не ги познавам и не ги памтам имиња. Нашата идеја за премиер Албанец ги води процесите напред, ја зголемува довербата помеѓу заедниците. Ништо лошо нема да и се случи на ова земја каде за пример може да ги земаме Кичево и Струга, наспроти многуте реакции, иако луѓето тука имаат соживот – порача Ахмети.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...