5.6 C
Ohrid
сабота, јануари 18, 2025
ПочетнаМакедонијаТе молам земи ме од болница тука ќе ме умрат- ова е...

Те молам земи ме од болница тука ќе ме умрат- ова е голготата која ја поминало момчето чиј познат татко вчера стана симбол на протестите

spot_img

Откако за помалку од еден час вчера стана симбол на протестите во Белград денеска медиумите го открија момчето и вистината за голготата која ја поминал овие неколку месеци додека неговата земја се борела со коронавирусот.

Имено Петар Ѓуриќ вчера пред камерата на српската телевизија Н1 изјави дека неговиот татко починал поради немањето на респиратори во земунската КОВИД болница.

„Тато ова е за тебе“ денеска е нај пребаруваната реченица во регионот, а откако преку видео објасни што се случило медиумите пишуваат дека тој јавно за овој случај зборувал уште во април годинава кога го загубил својот татко.Имено тој неодамна во својот Фејсбук објавил статус во кој пишува дека својот татко не може да го врати, но вистината мора да се знае.

-Поминаа три дена откако го погребав мојот татко, Љубиша Ѓуриќ академски сликар и магистер по уметност. Не можам да се помирам дека толку лесно го загубив поради негрижата на здравствената држава, вели тој во својот статус.

Тој целиот процес го објаснува преку постот каде вели дека неговиот татко е примен во болница дури откако добил запаление на белите дробови, немаше ниту респиратор, но и беше прекасно за жал.

„Секој ден им се јавував и секој ден им го велев истото. На крајот кога видов дека почна да кашла и да не може да јаде го внесов во автомобилот и го однесов на инфективната КОВИД болница каде чекавме ред неколку часа. На крај се смилуваа и го пратија да ги сними белите дробови. Таму добивме упат за земунската КОВИД болница, а во наодот пишуваше дека двете крила се зафатени, тогаш и последен пат го видов жив, раскажува тој“.

Тој раскажува и дека татко му го молел да го изнесе од болница бидејќи таму ќе го умрат бидејќи не го лечеле добро.

-Ги советувам луѓето своите најблиски да не ги препуштаат на неспособните лекари и да не веруваат наивно како што верував јас на лекарите и на власта дека даваат се од себе за да им помогнат на болните.
kurir

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во срцето на градот Охрид, веднаш до градскиот пазар се отвори новиот Кафе бар Инфинити.

Во срцето на градот Охрид веднаш до градскиот пазар се отвори новиот кафе бар Инфинити. Кафе Бар Инфинити е повеќе само место за пиење кафе-...

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога-

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на...

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...