6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија...

ПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија се шират по приватни пораки на Фејсбук

spot_imgspot_img

За оваа појава Слободен печат ја информираше полицијата на која и ги испративме и видео клиповите кои дојдоа во наши раце.

До редакцијата на „Слободен печат“ пристигнаа десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделуваат по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделуваат клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создаваат адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како „ГевгелијаХаб“.

За оваа појава Слободен печат ја информираше полицијата на која и ги испративме и видео клиповите кои дојдоа во наши раце.

Исто така и Хелсиншкиот комитет за човекови права собира информации за случајот по што оттаму најавија соодветни дејствија. Неофицијално, станува збор за материјали што девојките им ги пратиле на своите партнери и не биле наменети за очите на целата јавност, како што тоа се случува откако видео материјалите биле злоупотребени и „протекле“ на социјалните мрежи.

– Преку сервиси за пораки, како Месинџер и Вибер, цела недела се препраќаат фотографии и експлицитни видеа од жени од Гевгелија. Се започна од едно видео од жена од едно од тукашните села по што секој ден има нов „бран“ од други видеа и фотографии од помлади и повозрасни девојки и жени што се пуштаат од еден на друг. Размислувам како да побарам бесплатна правна помош за жртвите на овој тренд, ни изјави претседателка на невладина организација од Гевгелија што сакаше да остане анонимна.

Слични појави ја вознемирија македонската јавност на почетокот на годинава, кога на сервисот Телеграм, во група „Јавна соба“ беа споделувани материјали од девојки ширум земјава со експлицитна конотација. Дел од тие девојки беа малолетни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...