16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Граѓаните да не се грижат во Охридската болница има уште место...

Филипче: Граѓаните да не се грижат во Охридската болница има уште место за заболените од Ковид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во болниците има доволен капацитет за сместување ковид пациенти, а празна е и модуларната болница. Повторно има под 100 пациенти вкупно во болницата 8 Септември, денеска втор ден по ред.

<

– На Клиниката за инфективни болести се’ уште има слободни места, целосно е празна и модуларната болница и во сите други инфективни одделенија има доволен број на слободни места. Нешто помалку има во Охрид и во Битола, но се менаџира тоа со секојдневната комуникација и сосем добро и во другите градови, изјави денес министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Запрашан дали е остварливо и во наредниот месец да биде „крената рампата на ЕУ” за македонските граѓани, со оглед на условот под 20 дијагностицирани дневно на 100.000 жители 14 дена по ред, Филипче рече дека важно е да се има увид во вистинската епидемиолошка слика за земјата и ќе се продолжи со актуелниот пристап на дијагностицирање со кој се откриваат и асимптоматски ностители на коронавирусот.

– Јас мислам дека не може само да се гледа апсолутната бројка на дијагностицирани пацинети заради тоа што е многу битно како се стигнува до таа бројка на дијагностицирани пациенти односно дали се прави широко тестирање или се прави индикација дури и за контактите на заболените кои епидемиолозите одредуват дека се со висок ризик. Кога тие не би ги тестирале нема да откриеме толкав број на асимптоматски носители, апсолутната бројка ќе падне, можеби ќе се дозволи влез во некои други земји, но нема да имаме увид во вистинската епидемиолошката слика во нашата земја. Ќе дозволиме да се случи пропуст, да шетаат луѓе коишто се асиптоматски носители на вирусот и ќе го шират вирусот и заразата. Затоа остануваме на овој принцип. Бројката како бројка ништо не значи, мора да се знае колкав процент од новодијагностицираните треба да бидат или се во болница, колку се со лесна клиничка слика и колку се асиптоматски. Во таа смисла ќе продолжиме со истиот пристап, истакна Филипче. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...