2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДа незнаеш на кого да му веруваш: Хабеас Корпус дава предност...

Да незнаеш на кого да му веруваш: Хабеас Корпус дава предност на ВМРО-ДПМНЕ, Брима Галуп на СДСМ

spot_imgspot_img

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите во среда прогнозира последното истражување на јавното мислење спроведено од институтот Хабеас Корпус, објавено денеска.

Според него, 20,8% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 16,8% својот глас ќе го дадат за коалицијата на СДСМ и БЕСА.

ДУИ ќе добие поддршка од 4,9% од граѓаните а за коалицијата Алијанса – Алтернатива ќе гласаат 2,7%. Во истражувањето 17,8% од граѓаните не сакале да дадат одговор, 13,9% велат дека се уште не знаат а 22,2% велат дека нема да гласаат.
Истражувањето на овој институт покажува предност на ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни единици со исклучок на шестката каде предноста е за кандидатот на СДСМ.
Анкетата на Хабеас корпус е спроведена телефонски во периодот од 29 јуни до 3 јули годинава врз репрезентативен примерок од 1203 испитаници и подлежи на маргина на грешка од плус-минус 2%
Денеска и СДСМ ја објави анкетата на агенцијата Брима Галуп која пред неколку дена протече во јавноста.
Како што стои во соопштението на партијата 18,7% од граѓаните би гласале за СДСМ а 15,1% за ВМРО-ДПМНЕ. Според истата анкета, за ДУИ ќе гласаат 8,2% а за Коалицијата на Села и Гаши 4,9%. Иако е во коалиција со СДСМ, БЕСА според оваа анкета ќе добие поддршка од 2,6% од гласачите.
Според оваа анкета 16,1% нема да гласаат, 11,2% се уште не решиле а 9,3% не сакаат да одговорат.
Истражувањето на агенцијата Брима Галуп е спроведено по нарачка на СДСМ во периодот од 5 до 14 јуни годинава врз репрезентативен примерок од 1174 испитаници користејќи телефонска анкета.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...