16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата со ново соопштение: Земјоделците од утре ќе добијат картички за зелена...

Владата со ново соопштение: Земјоделците од утре ќе добијат картички за зелена нафта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуродизел на бензинските станици на „Макпетрол“, за оние кои имаа и користеа картички за зелена нафта, а истовремено од понеделник ќе се делат и новите картички за земјоделците.

<

Директорот на платежната агенција, Николче Бабовски кажа дека земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат Еуродизел гориво од понеделник по 10:00 часот, а земјоделците кои прв пат годинава стекнаа право за добивање на картичка за зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да ги подигнат зелените картички.

Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019-та година.

„Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51.000 земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците, токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка, која што за првпат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалување на производствените трошоци, земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“ – кажа министерот Димковски.

StrumicaNet.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...