33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија доби 80 милиони евра помош од ЕУ со ниска каматна стапка

Македонија доби 80 милиони евра помош од ЕУ со ниска каматна стапка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Европската комисија денеска потпиша Меморандум за разбирање со Северна Македонија со цел отворање на патот за исплата на макрофинансиска помош од 80 милиони евра.

<

Ова е прв меморандум за разбирање, потпишан како дел од пакетот од 3 милијарди евра, што Комисијата го предложи за десет нејзини партнерски земји, соседни но и кандидати во процесот на проширување, а се со цел излез од економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Како што информира Европска комисија, овие средства ќе бидат достапни во форма на долгорочни заеми по многу поволни услови.

– Средствата ќе придонесат за подобрување на макроекономската стабилност и создавање простор за распределување ресурси за ублажување на сериозните негативни социо-економски последици од пандемијата на коронавирус – информира ЕК.

Програмата за Северна Македонија е во вредност од 160 милиони евра.

– Денеска потпишавме Меморандум за разбирање со Северна Македонија, отворајќи го патот за исплата на финансиска поддршка од 80 милиони евра – истакна комесарот за економија, Паоло Џентилони.

Одлуката за давање макрофинансиска помош на десетте земји во контекст на справување со пандемијата беше предложена од Комисијата на 22 април, и донесена од ко-законодавците на 25 мај 2020 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...