-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаСветТажната животна приказна на Џихад Ал-Суваити кој секоја вечер се качувал до...

Тажната животна приказна на Џихад Ал-Суваити кој секоја вечер се качувал до прозорецот на болницата за да ја види својата мајка

spot_img

Во Палестина, каде што има 9.587 потврдени случаи на коронавирус, до денес, еден млад човек по име Џихад Ал-Суваити одби да се раздели со неговата заразена мајка. Откако неговата постара мајка била примена во болница бидејќи била позитивна на вирусот, на Џихад не му било дозволено да ја посети поради безбедносни причини. Но, 30-годишниот човек од Хеброн секоја вечер се качувал по цевките на ѕидот на болницата за да седи на прозорецот кој гледал во собата на неговата мајка со цел да се осигура дека таа е во ред.

Еден службеник во болницата коментирал: „Поминуваше поголем дел од денот таму, набудувајќи ја состојбата на неговата мајка од надвор од прозорецот, пред да слезе кога ќе се увери дека неговата мајка спие.“ Фотографијата од младиот човек кој гледа како неговата мајка се бори против вирусот ја сподели Мохамад Сафа и оттогаш се прошири на социјалните медиуми, допирајќи ги срцата на луѓето низ целиот свет.

Братот на Џихад, Абанг Џихад, Расми за медиумите изјавил дека неговиот брат останал тврдоглав и покрај тоа што му бил забранет влез во болница поради безбедносни причини, тој не сакал да се раздели од неговата мајка. Џихад е најмалото дете во семејството и најмногу бил поврзан со својата мајка.

За жал оваа приказна нема среќен крај. Мајката на Џихад, Разма Салама, која била болна од леукемија, не успеала да се избори со вирусот и починала. Џихад повеќе не може да ја види од прозорецот, но Мохамад Сафа одлучи преку трогателна илустрација да ја покаже оваа голема љубов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...