20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветВо вторникот за влакно избегната војна помеѓу Грција и Турција

Во вторникот за влакно избегната војна помеѓу Грција и Турција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Спорот околу морската зона околу островот Мегисти (Кастелоризо) синоќа стигнал до точка на ескалација – германските медиуми пренесуваат дека канцеларката Меркел успеала во последен момент да спречи вооружен судир помеѓу Грција и Турција.

<

„Билд“ пренесува дека причина за конфликтот е бушењата во потрага по нафта и гас кои Турција ги спроведува во непосредна близина на грчките острови и тоа во зона која Атина ја смета за своја „економска зона“. Станува збор за морско подрачје на 200 наутички милји околу споменатиот остров.

Германскиот најтиражен дневен весник дознава дека поради тоа, во вторникот 18 турски воени бродови тргнале на пат кон островот Мегисти, а грчките власти својата армија ја ставиле во состојба на готовност.

„Но, тогаш се вклучила германската канцеларка Ангела Меркел. Прво, телефонски разговарала со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Резултат – Турција ги повлекла своите 16 бродови, а два оставила во близина на островот. Но, тоа сепак резултираше со олеснување на двете страни на Егејското море“, пренесува „Билд“.

Берлински „Тагесшпигел“ меѓутоа пренесува дека „малку е веројатно“ дека ќе дојде до пресврт во спорот околу природните ресурси.„И двете страни сметаат дека се во право. Притоа се повикуваат на различни конвенции и одредби во рамките на поморското право. Треба под итно да се обратат до Меѓународниот суд или Меѓународниот арбитражен суд. Меркел, ЕУ и НАТО би модале своите членки и партнери, Грција и Турција да ги убедат во тоа. Во спротивно, се заканува избивање на воен судир, кој сега е само одложен“, пренесува „Тагесшпигел“.

И „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ исто така пренесува дека „Ангела Меркел во последен момент ѝ пошло од рака Атина и Анкара да ги тргне од курсот на воена конфронтација“.

„Но, колку тоа ќе држи вода се знае кај Ердоган исто колку што се знае и кај Путин. Но, со сигурност може да се претпостави дека рускиот претседател со голем интерес го следи константниот конфликт на јужното крило на НАТО Алијансата“, пишува франкфуртскиот дневник.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...