25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаБетмен стана татко! Се роди Дениција

Бетмен стана татко! Се роди Дениција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пријатели, се роди Дениција!!!!
Станав татко, а Анастасија мајка на најпрекрасното девојче на светов и веков. Двете се во одлична состојба. Јас во неопислива <3 Фала ви за добрата мисла и енергија!, напиша на Фејсбук, Богдан Илиевски, Бетмен.

<

Нека е жива и здрава Дениција!

Напиша Богдан на неговиот фејзбук профил.

Во чест на ќерката Илиевски ја објави познатата песна ма Петре М. Андреевски “Кога ја
љубев Дениција”.
Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.
Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.
Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...