9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаФон дер Лајен: Почитувани Македонци, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш...

Фон дер Лајен: Почитувани Македонци, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа

spot_imgspot_img

Почитувани Македонци, внимателно ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик без квалификација од ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница.

Предлогот, нагласи Фон дер Лајен, го почитува исто така и вашиот национален идентитет.

– Принципот на самоидентификација е особено важен за секој од нас. Може да сметате на мене како претседател на ЕК дека ќе осигурам процесот за пристапување строго да ги почитува европските принципи и стандарди, нагласи Фон Дер Лајен.

Добрососедските односи и меѓународната соработка, рече Фон дер Лајен, се дел од ДНК на европската интеграција.

– Дозволете да ве уверам уште еднаш. Билатералните прашања како што е толкувањето на историјата не се услов во пристапните преговори, рече Фон дер Лајен.

Некои велат, нагласи Фон дер Лајен, би било подобро да се чека подобар договор од тој што го претстави Франција и секако дека тоа е ваше право да го направите.

– Но, размислете колку упорно се обидувавме да стигнеме до овде преку последователни претседателства Германија, Португалија, Словенија и сега Франција. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност, додаде таа.

Со отворањето на оваа врата, според Фон дер Лајен, сега Северна Македонија се зајакнува себеси со тоа што е во преговарачкиот процес наместо надвор од преговарачкиот процес.

– Бидете уверени дека Комисијата секогаш била покрај оваа држава, на ваша страна, продолжува да го прави тоа и да стои на ваша страна и ќе продолжи да биде таму со вас и утре, и задутре и во сите денови коишто доаѓаат. Убедени сме дека ова е од историско значење, но одлуката е ваша и само ваша, изјави Фон дер Лајен.

На крајот на краиштата, таа посочи, дека станува збор за патот што вие го избравте. Како што го избравте и претходно со Охридскиот рамковен договор, со Договорот од Преспа, со градењето на вашата енергична демократија.

На седницата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата, како и високи претставници од земјава и странство.

По завршување на седницата, Собранието ќе ја одржи и 81-та пленарна седница, на која пратениците ќе расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...