12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес нови 137 заразени и 7 починати од Ковид-19

Денес нови 137 заразени и 7 починати од Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 од 1542 тестирања.

<

По градови, броевите изгледаат вака: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-5, Штип-16, Прилеп-3, Тетово-7, Струга-1, Велес-3, Битола-5, Охрид-1, Гостивар-11, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од: Скопје-53, Дебар-3, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-7, Велес-5, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-11, Струмица-1, Крушево-1, Кичево-3, Ресен-9.

Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г).

Од нив 7 пациенти се починати во болница, двајца вон болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4569, активни 1920

• Куманово 966, активни 269

• Дебар 185, активни 117

• Штип 718, активни 372

• Прилеп 321, активни 51

• Тетово 983, активни 284

• Струга 402, активни 193

• Велес 212, активни 21

• Битола 109, активни 55

• Охрид 259, активни 108

• Кавадарци 33, активни 16

• Гостивар 357, активни 218

• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)

• Струмица 31, активни 20

• Крива Паланка 22, активни 8

• Радовиш 27, активни 22

• Крушево 15, активни 9

• Кочани 93, активни 23

• Пробиштип 47, активни 28

• Демир Хисар 22, активни 20

• Македонски Брод 10, активни 6

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 5, активни 1

• Делчево 2, активни 1 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)

• Кратово 12, активни 7

• Свети Николе 215, активни 200

• Кичево 118, активни 91

• Ресен 143, активни 45

• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1542 теста се преку: ИЈЗ-579, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена-142, Биотек-135, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-268, Систина со PCR метода -171, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-26. Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...