22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаДали знаете што значи зборот „амин“?

Дали знаете што значи зборот „амин“?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е еден од ретките хебрејски зборови кој во литургијата на христијанството влегол во својата неизменета форма поради својата вонредна светост. Тоа не би требало да чуди бидејќи во евангелијата е употребен дури 77 пати. Во превод од Хебрејски тоа би значело: навистина, неспорно, без сомнеж.

<

Амин е декларација, потврда на нешто, што може да се најде во Хебрејската Библија. Етимолошки, доаѓа од хебрејскиот глагол, „аман“ што се преведува како „засили“ или „потврди“. Меѓутоа, коренот на овој збор е општосемитски и може да се најде и во армејскиот јазик кој го користел и самиот Исус Христос. Зборот „амин“ преминал од јудеизмот во грчкиот јазик на раната црква, а од таму во латинскиот од каде подоцна се расејал по целиот европски континент. Вреди да се спомене и дека латинскиот јазик бил официјален јазик на Источното римско царство, односно Византија се до 610-тата година, но и во периодот на обединетото Римско царство.

Одговорот за тоа како кај нашиот народ стигнал овој збор е тешко да се пронајде, но поголеми се шансите дека тој дошол од грчкиот јазик, бидејќи христијанството на овие простори е превземено од Цариград. Христијанството на овие простори било присатно уште од 9-тиот век, за што постојат голем број на докази и документи. Целата територија на Балканот во првите 10 века всушност била под јурисдикција на Рим, кој во тој период бил во цутот на христијанството, се до поделбата на царството.

Некои граматичари сметаат и дека преводот на овој збор кој толку често се споменува во христијанскиот свет всушност значи „да се биде цврст“, „да се потврди“, „да се има вера“ или „да се верува“. Интерено е и дека во арапскиот јазик тие имаат збор „амана“ кој се користи на истиот начин и со истото значење како и кај Христијаните и Евреите, при завршување на молитвата.

Легендите велат и дека примарно зборот произлегува од египетскиот фараон и бог Амон, кој во некои записи е напишан токму како Амен. Според историските податоци, Амон или Амен во извесен период се соединил со богот на сонцето Ра, така што настанала легендата за Амон-Ра. Со тоа тој станал врховен и без конкуренција олицетворение на создателот на светот. Историчарите токму овој момент го сметаат за коренот на создавањето на еднобоштвото во светот и сите религии кои подоцна се оформиле.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...