16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКолеле јагне за Бајрам на тераса во центар на Охрид

Колеле јагне за Бајрам на тераса во центар на Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во центар на Охрид на тераса на еден од становите кај Билјанини извори дека се колело јагне пред публика. На социјалните мрежи кружат фотографии и видеа за целата постапка која траела неколку часови. Соседите велат дека повикале и полиција но полицајците не можеле да направат многу во целата ситуација. Како што може да се види од фотографиите најголем дел од публиката се деца. Според очевидиците направен е записник, но постапката продолжила се до складирање на месото.

<

Во моментов во паркот на зградата за колењето сведочат остатоци од органи и крв. Деновиве Агенцијата за храна апелираше до гражаните месо да купуваат од месарници, а не од диви пазари каде истото нема сетификати.

-Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни- велат во Агенцијата.

Со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира граѓаните да не купуваат животни од диви пазари, односно месо да набавуваат од одобрени месарници.

Движењето на животните  да се врши исклучиво со поседување на сертификат за здравствена состојба на секоја единка а колењето да се врши во одобрени кланици од страна на Агенцијата. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за внатрешни работи ги засили контролите на движењето на животните.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...