21.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДанаиловски: Барам масовно тестирање во Македонија, во есен нема да знаме дали...

Данаиловски: Барам масовно тестирање во Македонија, во есен нема да знаме дали е некој болен од обичен грип или од Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не е време да се отворат училиштата, не треба да се носат избрзани решенија, август е пред нас, мора да се причека со одлуката и да се најде најразумниот компромис, вели епидемиологот, професор Драган Данаиловски за телевизијата Канал 5.

<

– Не се согласувам часот да трае 20 минути, можеби е најдобро германското решение. Тоа значи учениците да бидат со маски на часовите, а нивниот број во класот да се преполови и да се држат отворени прозорци. Најважно е да постои циркулација на воздухот, односно од една страна на училницата да е отворен прозорецот, а од другата страна да дува вентилатор, за да се разреди воздухот – вели Данаиловски.

Тој предупредува дека со доаѓањето на есента ќе настапи периодот на настинки и на сезонскиот грип и тогаш ќе ни се струпаат три вируса кои наликуваат еден на друг, според клиничката слика.

– Тогаш ќе биде тешко да се разграничи што е ковид-19, а што е грип. Најдобро е да се тестира секој со респираторни симптоми, но за тоа немаме капацитет. Затоа треба во овие два-три месеци поенергично да го решиме ковид-19. На граѓаните би им препорачал што помасовно да се вакцинираат против сезонски грип, за барем малку да се намали хаосот и немирот што ќе настане во јавноста – порачува професор Данаиловски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...

Мицкоски: Црешите оваа година се скапи бидеќи ги фати мразот.

Не не, цената на црешите за килограм не е 500 денари како што велите туку од 200 до 300 денари. Не велам дека таа...

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав.

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно се споделуваше на социјалните...

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго...