15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Се подготвуваме за полошо сценарио oваа есен, но се надевам ќе...

Филипче: Се подготвуваме за полошо сценарио oваа есен, но се надевам ќе го избегнеме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва нагласи дека се подготвуваат за многу полошо сценарио наесен и тоа интензивно работат во изминатите повеќе од два месеца. Веќе, како што посочи, нешто е реализирано, а дел допрва треба да се реализира.

<

Филипче се надева дека такво сценарио ќе избегнат и е сигурен дека ќе го дочекаат подготвени.

– Не само ние, туку и многу земји во светот очекуваат нов бран кој би се должел на поголема концентрација на луѓе во затворени простории, што сега го нема, понатаму дополнителен број на заболени од сезонски грип, пациентите ќе ги окупираат истите одделенија кои се сега окупирани од пациентите кои се лечат од Ковид, што може да доведе до тоа болниците да се пренатрупаат со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. И во таа смисла, водејќи се од тоа, очекувајќи едно такво лошо сценарио кое се надевам дека ќе го избегнеме, ќе го дочекаме подготвени, рече Филипче во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Нагласи дека ја следат ситуацијата во околните земји и оти земјава во ниту еден момент немала огромен процент на позитивни случаи од вкупниот број на направени тестови што, според него, е еден од најголемите индикатори каква е ситацијата со епидемијата во државата.

Во однос на процентот на починати пациени во земјава, Филипче посочи дека тоа се должи на два сегмента – прво дека ги пријавуваат и починатите на кои им е земен брис по утврдувањето на смртта и второ дека голем процент од пациентите доаѓаат доцна во болница.

– Навистина голем процент од пациентите доаѓаат доцна во болница, тоа е некаде 27-28 проценти и смртен исход има во првите 3-5 дена од лекувањето. Нема ни доволно време, а имајќи ја предвид и тешката форма на болеста, дека премногу долго не се јавувале во болница, после тоа лекарите се немоќни нешто да направат, заклучи Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...