20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаИ после не чинеле кладилниците: Mozzart донираше пакети овошје во повеќе болници...

И после не чинеле кладилниците: Mozzart донираше пакети овошје во повеќе болници низ државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Донација од свежо овошје за здравствените работници од Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, кој од средината на јуни, хоспитализира и возрасни пациенти со Ковид-19 додели денеска компанијата Mozzart Bet.

<

Досега компанијата има испорачано повеќе од два тони свежо овошје, наменето за болниците ширум државата. Овие акции кои се насочени кон македонското здравство, имаат за цел поддршка и подобрување на условите за работа на здравствените работници кои водат деноноќна борба со коронавирусот.

-Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Mozzart, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа, посочуваат од Институтот по белодробни заболувања Козле.

Од Mozzart велат дека оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

На предавањето на донацијата присуствуваше и Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во која членува компанијата Mozzart.

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...