16.9 C
Ohrid
недела, мај 11, 2025
ПочетнаМакедонијаУчебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за учениците од прво...

Учебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за учениците од прво до трето одделение

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Учебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за учениците од прво до трето одделение и во училишта со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба, за што општините ќе добиваат согласности од Владата. Ова беше и конечен предлог на Комисијата за заразни болести, а одлуката денеска на седница ја донесе Владата.

<

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција рече дека според протоколот, во училницата нема да има повеќе од 20 деца, распоредени на растојание од 1,5 метри, со носење заштитни маски. Наставникот цело време ќе треба да биде со учениците, нема да излегува на одмор, а почетоците на часовите по паралелки ќе бидат со десет минути разлика за децата да не се среќаваат во ходници и на влезовите од училиштата. За протоколите се веќе информирани наставниците, рече Филипче, додавајќи дека тие обезбедуваат мнимален ризик за ширење на вирусот.

Појасни дека инциденцата кај најмалите ученици е околу 3,4 проценти и тие имаат сосема лесна форма на болеста и често се асипмтоматски носители. Сепак, родителите ќе имаат можност да изберат нивните деца што се на таа возраст наставата да ја следат и онлајн, зашто во некои семејства има хронично болни членови (родители, баби, дедовци) или се во категорија од висок ризик.

Вториот исклучок каде што ќе се организира настава со физичко присуство се училиштата со мал број ученици во средини со стабилна епидемиолошка состојба. На барање на општините односно основачите на улилиштата ќе им се дава согласност, откако барањата ќе се разгледаат во министерствата за здравство и за образование и во Владата, И тука ќе има можност за согласност на родителите.

– И покрај крајната цел децата да се вратат во училиштата, се додека сме соочени со вирусот, мора максимално да бидеме свесни и внимателни да се намали ризикот и образовниот процес да биде безбеден за децата, наставниот кадар и за семејствата. Образвнието е неспорно, но не треба да го занемариме здравствениот аспект и ризикот од трансмисија во училиштата, истакна Филипче.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми посочи дека најмалите ученици ќе следат настава со присуство во училниците и поради важноста на нивниот социоемоционален развој.

-Освен овие два исклучока, ученици од прво до трето одделение и училишта со мал број ученици, за другите ученици наставата ќе биде онлајн со двонасочна комуникација. Продолжува да се надградува платформата Едуино.мк, на која се ставаат видеолекции и ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма за првото полугодие и тримесечје. Во меѓувреме, со Министерството за информатичко општество и администрација се работи на унифицираната национална платформа за учење од далечина, рече Адеми, нагласувајќи дека ова било тешка одлука и донесена низ бројни консултации и со инклузивен пристап за најбезбедно решение.

Додаде дека за почетокот на учебната година и за наставните часови, за кои се подготвени предлози да траат по десет минути пократко од регуларните (30 минути во основно и 35 минути во средно образвание) дека треба да се направат измени на законите за што е потребно да функционира Собранието.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие сограѓанин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство...

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу...

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...