15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата

Мицкоски: Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

<

Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР.

Дека нивниот коалиционен партнер “5 пари не вреди”, и дека е “канцер”. А ова беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други. Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата.

Следува период каде нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови. Добиваме Влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат.

И кога велат „можеме“, им веруваме дека можат само во криминалот и корупцијата, ништо повеќе, вели во својата објава Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...