27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаСветАлбанија не се плаши од коронавирусот па од 15 септември ги отвора...

Албанија не се плаши од коронавирусот па од 15 септември ги отвора училиштата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанскиото Министертво за образование, спорт и млади соопшти дека, врз основа на препораката на Националниот комитет на експерти за справување со коронавирусот, наставата во новата 2020/2021 учебна година ќе почне на 15 септември.

<

Се наведува, исто така, дека од 31 август до 11 септември ќе се одржат дополнителни часови само со оние ученици од прво до петто одделение основно образование кои немале пристап и можности да следат онлајн настава во периодот март-мај 2020 година.

„Регионалните дирекции за образование веќе ги идентификуваа училишта и учениците кои можат да бидат дел од оваа програма и кои главно се ученици кои припаѓаат на ранливите групи, Роми, Египќани или подалечни рурални подрачја. Наставните часови во овој и следниот период ќе се одвиваат според сите протоколи на хигиенско – санитарни услови, одржување на физичко растојание и заштита на здравјето на сите“, се наведува во соопштението.

Министерката за образование, спорт и млади, Беса Шахини, изјави дека за сите ученици од прво до седмо одделение и за ученици од посебни категории до 12-то одделение ќе бидат обезбедени бесплатни учебници.

По најавата за почетокот на наставата дел од стручните лица од оваа област сметаат дека сѐ уште не се создадени услови за почеток на наставата, пред сѐ, за запазување физичка дистанца. 120 училишни објекти се вон употреба поради оштетувањата предизвикани од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември минатата година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...