4.9 C
Ohrid
четврток, декември 12, 2024
ПочетнаСветКурти ги одложува казните за возачите со српски регистарски таблички за 48...

Курти ги одложува казните за возачите со српски регистарски таблички за 48 часа

spot_img

Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека го прифаќа барањето на САД и дека го одложува изрекувањето на казните за возачите на возила со српски регистарски таблички за 48 часа.

„Му благодарам на амбасадорот Ховениер за неговата посветеност и ангажман. Го прифаќам неговото барање за одложување од 48 часа во издавањето казни за нелегалните косовски (и други) регистарски таблички. Среќен сум што работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена“, напиша Курти на Твитер.

Претходно, американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, најави дека Соединетите Американски Држави се загрижени што Белград и Приштина не постигнале договор за решавање на кризата во Косово.

„Побаравме од косовската влада да ја одложи за 48 часа примената на казните, со цел да им се овозможи на Европската Унија и Соединетите Американски Држави дополнително да ги ангажираат страните во изнаоѓање решение“, напиша Ховениер на Твитер.

Вчера, по неуспешните преговори во Брисел, косовската полиција соопшти дека денеска ќе почне да изрекува казни за сопствениците на возила со српски регистарски таблички.

Сообраќајот на административниот премин Јариње утрово се одвива без проблеми, откако Приштина за 48 часа го одложи изрекувањето на казните за возилата со српски регистарски таблички со почетните букви на градовите на Косово, јавуваат српските медиуми.

Припадници на специјалните единици на косовската полиција се присутни во близина на административниот премин на страната на Косово, јавува репортерот на Танјуг.

Специјалната претставничка на генералниот секретар и шеф на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролина Зијаде, изрази жалење што на разговорите во Брисел не е постигнат договор за надминување на сегашниот, како што наведе, „ќорсокак“ на Косово.

Зијаде ја истакна потребата да се избегне каква било ескалација што може да ја дестабилизира ситуацијата на теренот, да доведе до несакани последици и да ги загрози тешко стекнатите успеси во последната деценија, соопшти УНМИК.

Истакна дека дијалогот и компромисот се основа на секој план за одржлив мир.

Зијаде повика на одговорност и вистинска посветеност на дијалогот со посредство на ЕУ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, односно второстепениот суд ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење, дознава Алсат. Судијата Ивица Стефановски...

Македонското знаме се вее и во ММА: Даниела Алексовска ја победи шампионката од Африка

Македонката Даниела Алексовска имаше одлична борба во рамките на ММА натпреварот организиран од МФЦ во Црна Гора. Таа успеа да ја победи шампионката на Африка,...

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...