13.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 14, 2021
Почетна Македонија Бачев: Апасиев е голем лажго, тој вози автомобил Алфа Ромео, а ми...

Бачев: Апасиев е голем лажго, тој вози автомобил Алфа Ромео, а ми доаѓа со точак во Собрание…

Translate (Eng):[gtranslate]

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев во својот настап на една национална Телевизија, како што самиот кажа, одговори на некои обвинувања од Димитар Апасиев и објасни како е формирана партијата Левица.

Кога ме прашувате, телеграфски да наведам неколку работи. Таа партија е формирана есента 2015 година. Тогаш ВМРО ДПМНЕ оценува дека му треба уште една наменска партија која ќе влече гласови од СДСМ и тогаш колку што мене ми е познато Мијалков го задолжува Емил Димитриев како генерален секретар. Дури овие од Левица настапиле со име Лабуристичка Партија да бидат, но од ВМРО ДПМНЕ оценуваат дека е посоодветно да биде Левица називот и ги пуштаат на тие избори. Меѓутоа, во тој момент и го наградуваат лидерот на таа партија, сега младиот парламентарец, во Аеродром со стан во зградата каде што е Ивица Коневски, вели Бачев.

Според Бачев Апасиев добива од ВМРО ДПМНЕ стан во истата зграда со Ивица Коневски!?

РЕКЛАМА

Во истата зграда со Ивица Коневски и ден денес тој линк таа врска се остварува бидејќи Ивица Коневски не се крие е главниот терен играч на Сашо Мијалков. Значи добива и во таа смисла на изборите после настануваат тие некои, на првите избори 2016 доаѓа до некој конфликт па како што е познато Апасиев се прешалтува со Сорос со левата страна бидејќи, и тоа се општо познати факти, учествуваше во палењето на канцеларијата на Иванов. И после тоа Заев го награди во советничко место во СЈО каде што земаше некој хонорар од 40 илјади денари, вели Бачев.

Бачев прашува што мајка бара професор по римско право во СЈО?

Што е уште поинтересно тој се преставува како професор по римско право а на Катица Јанева и требаа советници од кривично правната област, значи беше вметнат таму по задача бидејќи ја одигра задачата со шарените а знаеме шарените каква беља и направија на оваа држава и во таа смисла младиот парламентарец ги прочитал сите тие книги како се води таа пропаганда и сега засега успешно манипулира со масите бидејќи гледате колку е симпатично доаѓа со точак пред Собрание а во позадина во реалноста вози алфа ромео. Од друга страна вели дека е дете на стечајни работници дека се бори за работниците а од буџетот на дражавата има добиено 280 илјади евра од 2017 до 2020 година, од трезорот. Тие пари ги ставиле на сметка на Еуростандард банка. Тоа е уште еден лажен левичар, вели Бачев.

 

- Реклами -