33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаТопалоски за Охрид1: Нефи Усеини не ми извади никаков пиштол, јас и...

Топалоски за Охрид1: Нефи Усеини не ми извади никаков пиштол, јас и Нефи сме стари пријатели и нема никој да не скара.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И по четири дена од инцидентот, помеѓу советникот Нефи Усеини и Спирко Топалоски, полицијата сè уште не може да ги најде советникот Нефи Усеини и неговиот брат за кои вчера Судот одреди мерка притвор од 8 дена за насилство врз охриѓанецот.

<

Адвокатот на Спирко Топалоски, Кристијан Спироски денеска испрати писмен допис во кој пренесува изјава од Топалоски за немилиот настан, но со поинаква содржина од пласираната во медиумите. Тој вели:

„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве излегоја во јавноста, надвор од контекст и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм. Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, се вели во денешната изјава која до медиумите ја испрати адвокатот на Спирко Топалоски, Кристијан Спироски.

Потсетуваме дека по немилиот настан Топалоски сам се обрати до медиумите барајќи да објават што доживеал по средба со советникот Нефи Усеини. Тој меѓу другото првично рече:

„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град“.

По четири дена од инцидентот засега, на веб страницата на МВР во делот на потраги нема податок за распишана домашна или меѓународна потерница бидејќи за распишување на потерница е потребна наредба од судот велат од МВР. Досега такво барање не е доставено.

За повеќе може да прочитате на Охрид 1.

Топалоски со нова изјава: Јас пиштол невидов

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...