18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаИако Катица Јанева е осудена на казна затвор од 7години сеуште си...

Иако Катица Јанева е осудена на казна затвор од 7години сеуште си седи дома !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Една година помина откако полицијата по налог на Јавното обвинителство влезе во домот на Катица Јанева и ја приведе. Тоа беше 21 август 2019 година, ден чиј исход и се навестуваше. Претходниот таа се појави во обвинителството да даде исказ за случајот Рекет. Дотогаш во аферата нејзиното име само се споменуваше, а нејзиниот глас се појави и на снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзани со аферата Рекет.

<

Тој августовски ден, Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот и осуден во случајот веќе беше во притвор.Тој ден паднаа многу надежи кои се гаеја околи личноста Катица Јанева. Сега таа е осудено лице. За случајот доби седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба и овластување чие извршување уште го чека дома, затоа што одлуката не е правосилна.

Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева и претходно пред август веќе западна во длабоки компромитации и голем пад на рејтингот, за пикот на се да биде нејзината (не)очекувана оставка и евентуалната поврзаност со рекетарство.

Јанева уште тврдеше дека е невина, но судот пресуди поинаку.

Веќе не постои ни СЈО, митот пропадна, пропаднаа ли надежите дека нешто ќе се смени во државава?

Обвинителката Вилма Рускоска во текот на завршните зборови рече дека Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели.

Титаник 1, Титаник 2, Титаник 3, Транспортер, Таргет/Тврдина, ТНТ, Тортура, Тврдина 2, Насилство во општина Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Шпион, Тарифа, Тенк, Труст, Табла, Триста, Тотал, Тифани, Траекторија, Тревник, Талир 1, Талир 2, Маџар Телеком, се предметите за кои има или имало обвиненија и судски рочишта.

Во фаза на истрага беа се предметите Рентген, Продуцент, Транспортер 2, Тарифа 2, Странски служби, Друмарина, Лидери, Актор, Попис, Моќник, Дизајн, Монструм, Поштенска Банка, Пропаганда, Империја, Хармонија, Базни станици, Пациент и Подарок.

Дел од обвинителите од СЈО веќе се распределени во други обвинителства во државата.

Извор: Фактор7

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...