30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: Скопјанецот Виктор Драгомански осомничен за убиство на две лица на Малта

ВИДЕО: Скопјанецот Виктор Драгомански осомничен за убиство на две лица на Малта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Виктор Драгомански, вработен како обезбедување во угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта, пренесува Телма.

<

„Ние сме во многу деликатна фаза на истрагата, има настани, но сè уште немаме никого уапсено. Работиме напорно на овој случај“, изјавија од полицијата по убиството.

Драгомански според првичните податоци е македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен 25 годишниот албански државјанин Даниел Мука. Мука, веќе бил на полициско сослушување, но во изјавата што ја дал пред органите, тој не бил организатор на убиството.

– Реклама –

Првично полицијата се сомневаше на грабеж кој тргнал на лошо, но истрагата покажа дека се работи за добро смислено и нарачан убиство, што отоа го потврдил и Мука во изјавата. На снимките од надзорните камери, се гледаа двајца како со орује бегаат од куќата во кја се случило убиството. На самото место, биле пронајдени шест чаури, а обдукцијата покажала дека Пандолфино бил застрелкан со четири куршуми, а Мациејовски е усмртен со еден истрел во главата.

На јутуб е објавена снимка од акцијата за приведувањето на Мука, каде целиот кварт бил опколен.

Извори блиски до истрагата потврдија дека форензички тестови на предметите пронајдени во автомобил користен при бегството, ја одвело полицијата до Мука. Подоцна и неговите отпечатоци се пронајдени во автомобилот и споредени со оние најдени од местото на злосторството.

Според медиумите на Малта, Драгомански се криел во хотелот Гзира каде е уапсен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените се слушнале истрели во куќата.

Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

tv21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...