1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридскиот суд одобрил, со кауција од по 15.000 евра, браќата Усеини да...

Охридскиот суд одобрил, со кауција од по 15.000 евра, браќата Усеини да излезат од притвор.

spot_img

Охридскиот суд одобрил, со кауција од по 15.000 евра, браќата Усеини да излезат од притвор.

Во моментов се чека одлуката на Апелацискиот суд во Битола, кој сега има рок од 48 часа да донесе конечна одлука. Судот во Охрид го укинал притворот, но тие остануваат во притвор до конечната одлука на битолска Апелација. Охридскиот суд одредил и соодветни мерки за претпазливост, а веќе во четврток на браќата Усеини им истекува 8 дневниот притвор. Тие сами се пријавија на 26-ти овој месец, откако претходно 6 дена беа недостапни за органите на редот, јави Тв Телма.

Браќата првично понудиле по 10 илјади евра како гаранција, достапност до надлежните органи и ветиле дека нема да го променат местото на живеење, но сумата била зголемена на по 15.000 евра, односно вкупно 30.000 евра.

Нефи и Ибро Усеини се осомничени за напад врз охриѓанецот Спиро Топаловски. Обвинителството води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Топаловски најнапред изјави дека физичката пресметка се случила пред очите на неговиот малолетен син и дека во инцидентот бил изваден и пиштол, но потоа ја промени изјавата тврдејќи дека му се причинило дека видел оружје и дека станува збор за недоразбирање.

ТЕЛМА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...