12.6 C
Ohrid
понеделник, мај 12, 2025
ПочетнаМакедонијаНема повеќе пријатели за кинење казна: Полицијата ќе биде опремена со камера...

Нема повеќе пријатели за кинење казна: Полицијата ќе биде опремена со камера и микрофон а целиот разговор ќе се снима…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наместо добар ден господине, Разговорот се снима. Вака некако треба да започне вашата средба со сообраќаец доколку ве запре. Со специјални мини камери, од глава или рамо, сообраќајните полицајци ќе го снимаат работниот ден.

<

Тоа значи дека во иднина секој што е вклучен во сообраќајот ќе мора да внимава на правилата при возење, но и како ќе се однесува откако ќе биде сопрен од сообраќаец.

Опремата е донација на САД. Новината од денес се спроведува низ тетовско-гостиварскиот регион како пилот-проект во областа на сообраќајот.

Снимањето ќе се воведе и во другите полициски активности. – Полициските службеници ангажирани за контрола и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје веќе се опремени со мобилни системи за снимање со камера.

Тие ќе ги користат на терен при преземање на планирани мерки и активности.

На ваков начин ќе се снима, аудио и видео, целата комуникација помеѓу полициските службеници и граѓаните опфатени со контролни активности, вели Марјан Јосиофски портпарол на СВР Тетово.

На граѓаните ќе им биде кажано и објаснето дека нивната комуникација се снима и за која цел. ИзворММС.мк.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крис Павловски : Македонија да стане Швајцарија на Балканот, Европска оаза за трговија со криптовалути

Милијардерот како што рече од Канада а не од Америка сопственик на компанијата Рамбл чии услуги ги користи и председателот Трамп и ФБИ бизнисменот...

Според Ахмети, Албанец ја основал Охридската Архиепископија!

Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот. Ние сме придонесувачи на културата на...

За една седмица две учителки во Скопје нападнати од ученици- Наставничката моментално е на боледување, а родителите стравуваат за своите деца !!!

Во основно училиште во општина Карпош, Скопје, денеска се случи бојкот на наставата од страна на ученици од четврто одделение, откако во петокот нивна...

(Видео) Тензично во кочанско Тркање: Граѓаните протестираат, градоначалникот ги искара дека не разговарале институционално

Тензично во кочанско Тркање денеска на најавениот претсот во врска со уништениот пат. Жителите револтирани бидејќи нивниот пат е уништен, не можат да минуваат,...