23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаНема повеќе пријатели за кинење казна: Полицијата ќе биде опремена со камера...

Нема повеќе пријатели за кинење казна: Полицијата ќе биде опремена со камера и микрофон а целиот разговор ќе се снима…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наместо добар ден господине, Разговорот се снима. Вака некако треба да започне вашата средба со сообраќаец доколку ве запре. Со специјални мини камери, од глава или рамо, сообраќајните полицајци ќе го снимаат работниот ден.

<

Тоа значи дека во иднина секој што е вклучен во сообраќајот ќе мора да внимава на правилата при возење, но и како ќе се однесува откако ќе биде сопрен од сообраќаец.

Опремата е донација на САД. Новината од денес се спроведува низ тетовско-гостиварскиот регион како пилот-проект во областа на сообраќајот.

Снимањето ќе се воведе и во другите полициски активности. – Полициските службеници ангажирани за контрола и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје веќе се опремени со мобилни системи за снимање со камера.

Тие ќе ги користат на терен при преземање на планирани мерки и активности.

На ваков начин ќе се снима, аудио и видео, целата комуникација помеѓу полициските службеници и граѓаните опфатени со контролни активности, вели Марјан Јосиофски портпарол на СВР Тетово.

На граѓаните ќе им биде кажано и објаснето дека нивната комуникација се снима и за која цел. ИзворММС.мк.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...