-2.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЕкс пратеничката на Вмро Силвана Бонева со лажни сметки зела над 100.000...

Екс пратеничката на Вмро Силвана Бонева со лажни сметки зела над 100.000 евра за патни трошоци.

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева ќе одговара кривично за патните трошоци кои ги земала од Собранието во периодот од 2011 до 2015 година откако Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт за сторено кривично дело Измама во службата.

„Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Обвинетата во периодот од 01.01.2011 до 16.12.2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието на Република Македонија, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос и прилики. Имено, таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.

Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието на релација од Струмица до Скопје и обратно, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале. Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.“ – стои во соопштението испратено од Основното јавно обвинителство.

Инаку проблемот со патните трошоци во законодавниот дом не е ништо ново на македонската политичка сцена. Големи износи легнувале на сметките на пратнеиците од речи си сите политички партии.

Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, а тоа го чинело 47.450 евра. Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра. За 1.000 евра помалку потрошил нејзиниот опонент од Битола, Зоран Илиоски – 40.692 евра. Следува поранешната пратеничка на ДПМНЕ, а по уставните измени независна, Емилија Александрова од Берово. Пријавила 36.287 евра патни трошоци. На листата следуваат Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358 евра, Агим Шаќири од Струга, 33.379 евра и последен на листата од ТОП 10 се наоѓа Димитар Стевананџија кој за патни трошоци од Прилеп, инкасирал 31.705 евра државни пари.

10 пратеници кои потрошиле најповеќе за патни трошоци 2016-2020:

Алија Камберовски 47.450 €

Бети Рабаџиевска Наумовска 45.918 €

Сурија Рашиди 42.261 €

Мира Стојчевска 41.632 €

Зоран Илиоски 40.692 €

Емилија Александрова 36.287 €

Хари Локвенец 35.774 €

Милева Ѓоргиева 34.358 €

Агим Шаќири 33.379 €

Димитар Стевананџија 31.705 €

До овој момент обвинение има само за поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, пратеници од новиот состав на Собранието се откажуваат од патните трошоци. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Јанушев веќе најави дека нема да бара признавање на патните трошоци, а претходно тоа го стори и неговиот колега од СДСМ Љупчо Николовски и премиерот Заев, но овие двајца заминаа во извршната власт и сега како министри ќе имаат на располагање возач и службен автомобил.

Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани и гостите згрозени: Возрасен маж врши физиолошки потреби во Охридското Езеро.

Денес охриѓани и гостите кои го искористија прекрасното сонце за прошетка по кејот на Охридското езеро беа сведоци на една грда слика. Возрасен маж сред...

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...