23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКрстев ги вози последните километри кон Лондон, со неговата застава 101.

Крстев ги вози последните километри кон Лондон, со неговата застава 101.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Драги Крстев од струмичкото населено место Ангелци кого го познаваат кој во вторникот тргна со застава 101 за Англија заедно со братучед му Љубиша Велиновиќ ги возат последните километри до Лондон. Тие од Струмица тргнаа во вторникот вечерта со возилото, кое како марка модел за Драги  му била првата автомобилска љубов и возило кое му буди огромни спомени, пред да замине за Англија каде веќе 20 тина години живее и работи и има свој авто сервис, пишува Дрнка.Мк

<

,, Се надеваме дека доцна вечерва или утре наутро да стасаме во Англија. Не очекував дека моето приватно враќање во Лондон со ,,застава 101’’  ќе предизвика толку голем медиумски интерес. Досега немавме дефект . Се знае дека “101“ е машина и може да издржи,, низ изјави Крстев за досегашниот тек од патувањето со возилото старо 46 години, заради што во багажникот носеше една гајба резервни делови и две кутии со алат.

Целата траса од Струмица до Лондон изнесува 2560 километри но како што вели Драги тие скршнале од првичната рута. После Унгарија се упатиле во Словачка иако не било планирано. Сакале да посетат повеќе градови со некогашната југословенска машина која своевремено беше хит а токму на ова возило ги имал своите први чекори и во возењето и како механичар.

,, Бевме во Белград, Братислава, Дортмунд, Франкфурт и Брисел и посетивме некои важни места и знаменитости. ,,101“ го паркиравме пред кралски палати, цркви, базилики па дури и пред седиштето на ЕУ во Брисел. По пат немаше некој да не ни свирне или поздрави. Секаде каде што застанувавме прашуваа и се фотографираа со возилото. Им беше чудно кога им кажавме дека е старо речиси половина век и дека тргнавме од Македонија со братучед ми Љубиша кој ми помага во возењето,, ни кажа Драги Крстев

Извор: Дрнка.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...