24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДел од Интегра се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ

Дел од Интегра се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.

<

– Јас сум задоволен затоа што од овој момент и во деновите кој што следат ќе биде процес на окрупнување на опозицискиот фронт. Групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури кои што ќе го окрупнат и омасовнат опозицискиот блок против оваа мафија која што денеска се наоѓа во Владата – порача Мицкоски на прес-конференција.

Потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски, кој беше носител на листа на Интегра за ИЕ 4 на последните избори, рече дека лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себеси за пророк.

Поголемиот дел од претседателството, вклучувајќи ме и мене како потпретседател, меѓународниот секретар на Интегра, потоа носителот на изборната листа од петаата изборна единица, координаторот од И.Е 6, како и бројни носители на различни функции во рамките на претседателството, но и во лидерските тимови на Интегра одлучивме од денес да се интегрираме во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Зафировски.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ поминуваат и поголемиот број претседатели и членови од општинските комитети на Интегра во Карпош, Центар, Велес, Битола, Ресен, Демир Хисар, Штип, Новаци, Могила, а таква најава има и од поголем број други општински комитети.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција посочи дека испратил повик до сите политички партии кои ценат дека оваа денешно политичко битисување во Владата е погрешно и дека оваа мафијашко однесување на Владата е на штета на интересите на граѓаните и на државата да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние ваков повик имавме и пред изборите, но за жал дел од партии кои сега се вон Парламентот а се декларираат како опозициски, таков е и лидерот на ИНТЕГРА, имаме сериозни информации и докази дека беа финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се денеска тука со мене исто така дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозиција и да се поделат гласовите, на долг рок ова е погубно за граѓаните, рече Мицкоси.

Прашан како ќе функционираат новите членови во партијата Мицкоски појасни дека во рамките на вертикалното функционирање на партијата, за сите оние членови кои ќе дојдат од други партии, нивни квалитети индивидуални но и професионални ќе бидат интегрирани ќе можат да се приклучуваат кон опозициски блок, директно кон ВМРО-ДПМНЕ во рамките на општинските, месните комитети, комисиите на партијата, зошто да не Централниот комитет, Извршиот комитет или конгресот.

Сите оние политички партии кои нема да се интегрираат во ВМРО-ДПМНЕ а ќе даваат поддршка во активности на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ќе бидат дел од овој поширок опозициски блок.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...