15.1 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица западна во тешка финансиска криза, па сега бара помош со донации...

Левица западна во тешка финансиска криза, па сега бара помош со донации од граѓаните

Во соопштението на Левица е наведено и дека уште пред повеќе од една деценија почнале да градат автентично политичко движење буквално од нула, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Политичката партија Левица, која има двајца пратеници во Собранието, бара донации од граѓаните, бидејќи, како што објаснуваат оттаму, нивните пари се блокирани во пропаднатата Еуростандард банка.

Оваа објава преку Фејсбук ја сподели и лидерот на партијата, Димитар Апасиев.

Донациите ќе можат да се даваат преку сметка во Комерцијална банка.„Драги соборци… Во приказната на животот, или дозволуваш да ти се случуваат работите или ТИ самиот правиш да се случуваат. Со Левица покажавме дека сме од вториот ков – троскот кој не можат да го искорнат! Покажавме дека стравот и безнадежноста се ништо во споредба со храброста – оти таа е заразна и, кога еднаш ќе се појави, како незапирлива фурија, доаѓа по своето. Иднината зависи од она што го правиме сега. А она што доаѓа, е многу подобро од она што е поминато, бидејќи наместо да го предвидуваме – НИЕ заедно ќе го создадеме. Во Левица сме обединети сите БОРЦИ против нефункционалниот и корумпиран систем, оти знаеме дека она што го погодува еден од нас, ги погодува сите. Како луѓе од народот, знаеме дека сѐ додека стравуваме за дом, прехрана, работа, здравје – сѐ додека сме желни за правда, ние не сме слободни и борбата мора да продолжи. Заедно дојдовме дотука. Им го пробивме системот. Заедно продолжуваме уште посилно! Затоа, воскликот и ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираните пари на Левица во пропаднатата Еуростандард банка, без кои не можеме нормално да функционираме, за нас се само инспирација за акција“, пишуваат од Левица.

Во соопштението е наведено и дека уште пред повеќе од една деценија почнале да градат автентично политичко движење буквално од нула, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата.

„Нам никогаш не ни е страв пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина. Левица никогаш нема да стане партија која одработува за лоби групи кои ја купиле со нивните валкани пари. Затоа, Левица, консолидирана и посилна од било кога, се обраќа за политички ДОНАЦИИ кон сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани, нашите гласачи и поддржувачи – кон луѓето од кои црпи легитимитет и на кои им припаѓа. Некои можеби ќе мислат дека ова е наивно, но не е! Туку доблесно. А ДОБЛЕСТА е клучот кој го менува светот. Ние не бараме луѓето да прават нешто што не можат, туку она што сакаат и што можат да го направат. Во Левица луѓето делуваат со љубов, посветеност и ентузијазам, поради тоа што веруваат дека подобар свет е можен. Поради тоа што сакаат да се дел од Движење во кое е ОК да бидеш добар, чесен и неподмитлив; повеќе да даваш, одошто да земаш; да бидеш искрен и пркослив, наместо поразен и апатичен. Ние ги спасивме идеалите и принципите, со тоа што не се шитнавме. А ако се спасени принципите – сè е спасено!“, наведуваат од Левица.

Плусинфо

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...