31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки 13 е во добра здравствена состојба, но после операција можно е...

Боки 13 е во добра здравствена состојба, но после операција можно е и да оди на домашно лекување?!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се чувствува добро после операцијата на желудникот, која му беше извршена пред околу една недела, поради прснат чир.

<

Ова за Фактор го потврди д-р. Љубен Арсенков, директор на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, или позната како старата Градска болница.

Како што е познато, вечерта на 8 септември врз Јовановски беше извршена хируршка интервенција на желудникот, во болницата во која беше пренесен од затворот во Шутка, каде што го издржува притворот.

„Бојан Јовановски пред два дена е пренесен од Одделот за интензивна нега – на одделение, односно на Одделот за аддоменална хирургија. Тоа значи дека се подобрува неговата состојба. Неговата здравствена состојба е стабилна, а постоперативниот период се одвива нормално, во согласност со нашите очекувања, и без никакви компликации“, вели д-р. Арсенков за Фактор.

Доколку закрепнувањето на Јовановски продолжи вака како и досега, очекувањата на лекарите се дека за два до три дена може да се размислува овој пациент да биде пуштен на домашно лекување.
За тоа дали Јовановски лекувањето би го продолжил во затворското одделение во Шутка, или би требало да биде испратен дома, од болницата велат дека не би требало да се прават такви шпекулации, односно дека тоа не зависи од лекарите и врз таа одлука тие не би можеле да имаат влијание.
Не се знае дали неговата операција ќе биде олеснителна околност притворот во Шутка да му биде заменет со кужен притвор. Поради влошена здравствена состојба неговите адвокати и порано за него бараа олеснување на мерката.
Боки 13 беше пренесен во болница откако се пожалил во затворот на силни болки во желудникот, по што беше опериран, откако се утврди дека имал чир на желудникот, кој прснал.
Боки 13 јавноста го знае како првообвинет во случајот Рекет, за што доби затворска казна во времетраење од девет години.

А поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, го тужи Боки 13 за неовластено снимање, кој вчера не се појави на рочиштето токму поради неговата операција на желудникот и фактот што се уште закрепнува во болница.

Н.Н.Ф.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...