34.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДимоски- Составот на Владата е спротивен на Уставот- доминира само еден етникум...

Димоски- Составот на Владата е спротивен на Уставот- доминира само еден етникум албанскиот на сметка на сите други

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Илија Димовски, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, напиша дека Владата ја предводи ДУИ со премиер од СДСМ, откако беше објавена предлог-листата за заменици-министри доставена до Собранието. Како што вели тој, уставно е недозволиво да има осум заменици Албанци и само шест Македонци, во ситуација кога заедно со премиерот Владата има 12 Македонци и осум Албанци министри.

<

„Како темелна вредност на државното уредување Уставот на Република Македонија во член 8, алинеја 2 вели и гарантира: “Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.”

Во оваа уставна норма има заштита за сите, па и за Македонците и помалите етнички заедници. Составот на Владата е спротивен на Уставот на Република Македонија.

Ако сакаме европски вредности, треба да ги почитуваме еднакво за сите, не само за себе.

Во составот на новата Влада има:

  1. Членови (Претседател на Влада и министри): 12 Македонци, 8 Албанци
  2. Заменици членови (заменици министри): 8 Албанци, 6 Македонци, 2 Турци

Вкупно: 18 Македонци, 16 Албанци, 2 Турци

Процентуално:

50% Македонци – значително помалку од уставно потребното;

44,44% Албанци – значително повеќе од уставно потребното (на штета на другите);

5, 55% други (само 2 Турци) – дупло помалку од уставно потребното (нема Роми, Срби, Бошњаци и Власи).“, напиша Димовски во дел од својот статус на Фејсбук.

Тој на вицепремиерот Артан Груби му предлага ДУИ да покажат големина и на местата на четири членови или заменици членови на Владата да ги повлечат своите партиски кадри и да предложат по еден од помалите заедници кои не се претставени во Владата.

„ДУИ да предложи по еден Влав, Србин, Бошњак и Ром и на тој начин ќе ја обезбеди рамноправната застапеност на помалите етнички заедници.

На СДСМ не им предлагам ништо, зошто оваа Влада секако е Влада на ДУИ со Премиер од СДСМ“, додава Димовски.

Превземено од Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...