16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачки: Во Владата има министер кој подолг период е на седативи…

Ковачки: Во Владата има министер кој подолг период е на седативи…

Јавниот интерес за политичарите мора да биде над се, како и зголемената потреба од отчетност и одговорност на избраните и именуваните функционери кои на располагање го имаат државниот имот и носат одлуки кои може да имаа трајни последици за сегашните и идните генерации, на јавноста и обелоденуваме дека во владата има министер кој не може да се носи со секојдневните обврски и согласно вешт наод и мислење од специјалист психијатар од 16.02.2023 година, подолг период е на седативи и има чувство на немоќ“ изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Тој потенцира дека за да се биде министер или премиер на една држава треба да поседуваш одредени квалитети но и да имаш соодветни реакции во дадени ситуации кои не секогаш ќе бидат пријатни.

Според стручни лица кои како пратеник ги консултирав неподготвеноста за соочување со вистината и стравот поради своите несоодветни постапки може да предизвика манифестации в однесувањето како резултат на психичката состојба. Конкретно на министерката за одбрана согласно извештајот од психијатарот, цитирам: и се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, проблеми во мислењето, збунета е и конфузна. Има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала“ изјави тој.

Ковачки потенцираше дека според извештајот, министерката чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и вели 3 месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир, често има нарушен сон и инхибиција.

– Според специјалистот-психијатар, во психичкиот статус на Министерот која сама-доброволно се јавила и доброволно ги вршела психијатриските прегледи се констатира дека има оптеретен мисловен процес. Покрај оваа состојба на намалени когнитивни функции, на министерката и е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, изјави Ковачки.

„Прашањето до премиерот дали мислите дека има потреба за итно разрешување на Министерот за одбрана која е со наведените манифестации на психичката состојба за која има писмен документ од психијатар? Дали ќе ја разрешите? – праша Ковачки.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...