18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаАвстралијаСиднеј: СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Сиднеј: СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Пишува  Тоде Кабровски

Минатата недела на 26 мај 2024 година во организација на Македонскиот просвето-училишен одбор на Нов Јужен Велс со сите Македонски училишта во просториите на Македонската Катедрална црква ‘’Свети Кирил и Методиј’’ во Розбери,токму каде што му е местото во наши простории,која го носи и името на нашите апостоли.Одборот изразува голема благодарност до црковниот одбор и до отец Наум Деспотовски што секоја година му дозволува да ја одржуваат традиционално оваа Свечена Академија во чест на сесловенските просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј.

Наставничката Славица Ристевска
Свечената Академија ја отвори наставничката Славица Ристевска ги поздрави гостите,а гости беа:Луција Џонс-претседател на федерацијата на етничките училишта во Нов Јужен Велс,директорот на саботните училишта на јазиците на заедниците Сана Зрејка,почесниот претседател на одборот господинот Тоде Кабровски,Радица Бојковска-Димитровска новинар,координатор на СБС македонска програма и господинот Оливер Димовски-уредник на списанието Шило.

Почесниот претседател г-н Тоде Кабровски трет од десно со Отец Наум Деспотовски , Радица Бојковска Димитровска и Оливер Димоски

Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс секоја година со сите македонски училишта традиционално ја одржува оваа свечена Академија во чест на нашите просветители и апостоли во Сиднеј и го исполнува својот завед,дека доследно го продолжува нивниот пат,и се стреми да го сочува јазикот на нашите идни поколенија во оваа далечна мултикултурна и демократска земја за да можат да ги учат словата на Кирил и Климент и јазикот на своите предци,и така да научат ,чии се,каде им се корените и матицата македонска.

Македонскиот просветно -училишен одбор на Нов Јужен Велс е продолжувач на Светиклиментовата просветителска мисија,а тоа се потврдува и со врачувањето на Свети Климентовата награда на одборот во далечната 1998 година од Министерстото за култура на Република Македонија.Одборот е носечко јадро на грижата за организиран систем на редовна и дополнителна настава на нашиот мајчин јазик во образовниот процес.Асоцијација која има незаменлива мисија ,и која 46 години е вистински столбовник на грижата околу тоа како да се изучува помасовно и како да се негува,чува и дочува мајчиниот јазик.
Учениците од сите македонски училишта настапија со рецитирање на стихотворби во чест на нашите учители и апостоли солунските браќа Свети Кирил и Методиј,Посебен акцент и белег на таа вечер прикажа ученичката Леона Петковска со стихотворбата Кирил иМетодиј.
На сите ученици,наставници и на гостите им беа доделени благодарници за негување и одржување на македонскиот јазик во Австралија.
На крајот од свеченоста наставничката Дијана Јовчевска им се обрати на присутните во име на претседателката Жаклина Михајлова и им го честита денешниот празник Денот на сесловенските просветители светите браќа на сите колеги,родители,гости и ученици

Наставничката Дијана Јовчевска

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК!СИТЕ СМЕ ГОРДИ!
НЕКА СЕ ВЕЧНИ МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА!

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...