13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМожно е за скоро време градинките да бидат затворени !!!

Можно е за скоро време градинките да бидат затворени !!!

Комисијата не одлучила викендов дали ќе има целодневна настава за учениците. Последниот став на членовите на комисијата бил дека не треба да има дневен престој. Доктор Исијановски за утре најави одлука откако повторно ќе се состанат заедно со министерот за здравство. Можно е затворање на градинките доколку нагло расте бројот на новозаразени вработени и дечиња.

Ресорната министерка уверува дека за сега ситуацијата е стабилна. Од среда се враќаат на работа хронично болните и родилките чии деца во голем број не се запишани во градинка, но министерката тврди дека има слободни места. Наместо 6 како што беше првично соопштено сега ќе може 12 дечиња до две години да бидат во една занимална. Доколку се јави проблем вели, општините може да ги приспособат домовите за култура за згрижување на дечиња.

(Доколу во една градинка се пополнети капацитетите општините треба да ги сместат децата во друга градинка на нивните територии, но има и алтернативни начини во случај да нема место во ниту една градинка, како што се училници, просториите во домовите на културата и др).

Од 19.000 слободни места, родителите пријавиле околу 14.500 деца. Сепак, анализите покажале дека на терен не се исполнети ни тие 14.500 места бидејќи има родители чии деца се запишани, но не ги носат во градинка. Градинките ќе ги контактираат родителите со цел да се види дали ќе ги носат децата за да не се држи за џабе некое место зафатено.

Откако почнаа со работа во градинките регистрирани се неколку случаи на заболени дечиња од кои дел се од иста група. ВМРО ДПМНЕ обвинија дека Владата не знае како да менаџира со градинки во услови на пандемија.

Заев и Шахпаска со несоодветната постапка и несоодветните протоколи за работа на градинките го загрозија здравјето на најмладата популација, на децата. Негрижејќи се за децата си поигруваат со родителите.Бројот на заболени деца од ден на ден само расте.

Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...