21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаФерди Јашар: Еве ви го резултатот на македонското здравство, овде почива родилката...

Ферди Јашар: Еве ви го резултатот на македонското здравство, овде почива родилката која остави позади себе малолетни дечиња.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ферди Јашар девер на родилката која што почина вчеравечер на ГАК својата тага и револт ја изрази на социјалните мрежи. Ферди остави и свој телефонски број да се слушне со министерот бидеќи како што кажува тој убаво е да се слушне и другата страна, а не само медицинските лица да излезат со изјава пред медиумите…

<

Од клиниката објаснуваат дека жената дошла во 36 недела од бременоста или во осмиот месец. Првиот преглед покажал можни проблеми со бебето по што и рекле да излезе да се напие течност и повторно да се врати на преглед ЦТГ. Од гинекологија објаснуваат дека на жената и рекле да седи надвор поради корона вирусот и кога ја побарале таа не била пред болницата за да се врати по еден час со обилно крварење.

Докторите објаснуваат дека жената пријавила дека имала четири деца и неколку абортуси кои може да биле и причина за одредени компликации во бременоста, а според кажувањата на докторите и оваа бременост не била контролирана

Сопругот на починатата родилка Седат Јашар вели дека сопругата по првиот преглед му пренела дека и рекле да одат дома, па да се вратат назад. Тој за канал 5 раскажува дека само што стигнале до Шуто Оризари таа почнала да крвари и веднаш се вратиле назад, каде била примена во болница.. на Јашар му соопштиле дека бебето е мртво, а жената имала компликации од крварењето. Итно ја извадиле матката, но поради големото крварење таа починала ден по раѓањето кој бил извршен со царски рез.Нема достапен опис

Јашар вели дека најголем проблем во Шуто Оризари е што нема матичен гинеколог, неговата сопруга била прв пат во петиот месец во бременоста на приватен гинеколог,а матичниот е во општина Чаир и признава дека поради ова не одела на редовни контроли. Во оваа општина повторно се јавува стариот проблем една година нема гинеколог во амбулантата.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство објаснија дека ќе има комисија која ќе ГО разгледа целиот случај со жената. Обдукција не телото ќе нема, зошто на инсистирање и барање на семејството телото на починатата било земено.

Во продолжение ви го прикажуваме во целост статусот на Ферди кој својата така и револот го сподели јавно со сите….

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...