19.9 C
Ohrid
четврток, мај 30, 2024
ПочетнаМакедонијаОдложено судењето на брaќата Усеини- На Ибрахим му се слошило

Одложено судењето на брaќата Усеини- На Ибрахим му се слошило

Советникот од ДУИ во охридскиот совет  и бизнисмен, Нефи Усеини, денеска седна на обвинителна клупа во судот во Охрид, но само по 15 минути  судијата Милчо Клишески го одложи главниот претрес за 26 октомври, затоа што во судницата не се појави Ибрахим Усеини, брат на Нефи.

Одбраната рече дека нему  утрово му се влошила здравствената сосотојба, па во 9 часот се јавил на преглед во Кардиолошкиот центар во Охрид. Браќата се обвинети за кривичното дело насилство,  по пријава на  Спиро Топалоски, затоа што физички го нападнале на 18 август пред охридски  хотел.

На првото судско рочиште не се појави ниту оштетениот Топалоски кој е и главен сведок, а одбраната  образложи дека тој не дошол на судењето затоа што немало кој да ги чува неговите малолетни деца, а неговата сопруга работи во градинка и не може да отуствува од работа

-ВО СЛУЧАЈОТ СТАНУВА ЗБОР ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО КОЕ  Е ЗАГРОЗУВАЊЕ НА НЕЧИЈА НЕСИГУРНОСТ, ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА СТРАВА, НО НЕ Е ВО ДОМЕНОТ НА ТЕШКИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО КОИ ШТО МОЖЕ ДА ИМА ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОСЛЕДИЦА ИЛИ СМЕТНА ПОСЛЕДИЦА. КАЗНАТА Е ОД 6  МЕСЕЦИ   ДО 5 ГОДИНИ, А ОВАА КВАЛИФИКАЦИЈА И ОВАА КАЗНА СЛЕДУВА ЗАТОА ШТО ДЕЛОТО Е СТОРЕНО ВО ГРУПА ОД ДВАЈЦА,   ИЗЈАВИ ДИМИТРИЈА ЦОБОСКИ, АДВОКАТ НА НЕФИ УСЕИНИ.

Целосната сторија Тука- Телма

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сиднеј: СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Пишува  Тоде Кабровски Минатата недела на 26 мај 2024 година во организација на Македонскиот просвето-училишен одбор на Нов Јужен Велс со сите Македонски училишта во...

Пецаков: По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза, упатувам јавна поддршка

По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза упатувам јавна поддршка до сите наши сограѓани кои се борат со ваков животен...

Фатени лица од Охрид и Бугарија- Се претставувале како полицајци

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Република Бугарија и А.Т.(41) од Охрид. Во...

Македонче: Александар Лазовски, успешен магистрант на Харвард !

Честитки за нашиот Александар Лазовски, стипендист и признат студент лидер за вештачка интелигенција (AI) и образование, кој ја заврши својата магистратура по образование (2023–24)...