2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши контра Заев: Ќе има субвенции за вработувања и двојазичност во приватниот...

Бектеши контра Заев: Ќе има субвенции за вработувања и двојазичност во приватниот и државниот сектор

spot_imgspot_img

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција,

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеноста и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“.

Вака гласи делот од владината програма за еднакво општество, страница 39, параграф 3, во кој министрите на ДУИ гледаат определба на Владата да субвенционира вработувања во приватниот сектор по етнички клуч, иако во него се говори само за „повикување, охрабтување и соработка“, но нема збор за трошење на државни пари за постигнување на целта.

Сепак, министерот за економија Бектеши и денеска уверува дека субвенционирањето е предвидено, а сите политичари што се против ги подучи да го прочитаат токму цитираниот став..

Веднаш по промовирањето на идејата, со ставови дека владата ќе ги субвенционира сите вработувања, без разлика на етничката припадност, излегоа премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи. Но, и покрај тоа што нема јасен консензус околу тоа што предвидува владината програма, Бектеши вели дека тие веќе подготвуваат мерки кои би стапиле на сила веќе следната година.

И додека се уште е актуелна темата за оправданоста за поттикнување етнички вработувања со државни пари во приватниот сектор, лидерот на Беса, Биљал Касами во синоќешно интервју излезе со нова идеја за двојазичност во приватните фирми, бидејќи дел од младите Албанци не зборувале добро македонски јазик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...