16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаОливер Спасоски: Дрвократци кои претепаа полицајци се од ромска националност кои живееле...

Оливер Спасоски: Дрвократци кои претепаа полицајци се од ромска националност кои живееле во Прилеп и околината, и треба еднаш да се стави крај на бруталноста !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, рече дека дрвокрадците биле во голем број и мавале со дрва и камења и со се друго што имале во рака по петмината полицајци кои синоќа беа нападнати кај велешкото село Степанци

<

Двајца од полицајците биле тешко повредени, од кои едниот бил посетен од Спасовски и имал фрактура на черепот, на коските од лицето и подлактицата, но бил во контактибилна состојба, рече Спасовски. Тој потврди дека се работи за голем број на дрвократци од ромска националност кои живееле во Прилеп и околината.

– Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело. Имаме приведени 4 лица. Идентификувавме уште 10-мина. Продолжуваме со претреси и дополнителни активности. Овие лица кои удрија врз полицајците ќе одговараат. Очекувам и реакција од Обвинителството, рече Спасовски.

Министерот се пожали на се позачестени напади на полициски службеници и дека кога ја проверил статистиката констатирал дека никој до сега не бил притворен или брзо санкциониран за напад на полицаец.
Полицискиот службеник кој најтешко беше повреден во синоќешниот инцидент со дрвокрадци е во стабилна состојба и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

ОСУДИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО БИТОЛА

Невладината организација „Аваја“, ги повика протест припадниците на ромската заедница и невладините организации, за да не се повторат сликите како оние во Битола.

Вчера во јавноста излегоа слики и видео на кое полициски службеници тепаат граѓанин, а од полицијата соопштија дека е утврден нивниот идентитет.

Денеска има низа реакции за тоа, а веќе со осуда с еогласија и премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Нашата осуда е искрена и силна. Драго ни е што Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР ги идентификува сторителите согласно видеото и очекуваме брза и одлучна акција во насока на санкционирање на овој случај. Мислам дека ниту говорот на омраза, ниту насилството кон кој било граѓанин, не може да се оправда. Напротив треба да се осуди и да се санкционира и сигурен сум дека системски ќе реагираме за тоа да не се повтори. Случајот е во рацете на МВР и понатаму на Обвинителството и другите институции, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...