13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонија''Влезе будалијата''- Доктор бил претепал од негов колега во кумановската болница, бидеќи...

”Влезе будалијата”- Доктор бил претепал од негов колега во кумановската болница, бидеќи не одговорил на неговит телефонски повик !!!

Лекарите постојано се жалат дека се во опасност и се соочуваат со напади од пациентите и од членови на нивните семејства, тие веќе не се безбедни ниту од нивните колеги доктори. Еден таков случај имало утрово во кумановската болница, кога бил нападнат докторот Шукри Фазлиу. Фазлиу вели дека бил нападнат и навредува од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик. Фазлиу тврди дека причина за нападот било тоа што не примил на лекарски преглед роднина на лекарот Исуфи, пишува Алсат.

„Во 8:15 часот мојот колега дојде од дома. Бев на должност во мојата канцеларија, тој ја отвори вратата со нога, ја тресна силно и влезе во мојата канцеларија. Ме фати за врат, му реков, колега што е работата, што направив?! Ми рече – ти се јавив и не ми одговори. Му реков дека нема да одговорам, јас сум на службена должност и се грижам за пациентите во одделот. Бев во опасност. Избегав од мојата канцеларија имав отворен прозорец. Колегите не треба да се плашат од колегите, ова е без коментар, немам коментар за вакво однесување од колегата“, изјави Шукри Фазлиу, доктор.

Докторот Илбер Исуфи ги негираше ваквите тврдења на Фазлиу. Тој вели дека само побарал објаснување зошто не го примил пациентот кој чекал скоро еден час.

„Влегов во неговата канцеларија на нормален начин, а тој арогантно ме нападна и ми рече да излезам надвор и ме навредуваше. Не е точно дека бил нападнат, изненаден сум. Постојат докази дека пациентот чекал 45 минути и не му била дадена помош. Чистачката и медицинската сестра барале да го повика пациентот, но тој рекол – ќе го чекам следниот лекар. Чекал 45 минути и повторно морало да замине во приватна ординација“, изјави Илбер Исуфи, доктор.

Фазлиу пак, вели дека случајот бил пријавен во полиција, каде дал исказ за напад на работното место. Фазлиу вели дека поради главоболки и болки во градите и вознемиреност бил хоспитализиран и добива лекарски третман.

Мелихате Рустеми

Алсат.тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...