4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Во Македонија намален е бројот на починати од инфаркт !!!

Филипче: Во Македонија намален е бројот на починати од инфаркт !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, денеска во Градскиот парк кај Школка го одбележаа Светскиот ден на срцето, кој секоја година се одбележува на 29 Септември за подигнување на свеста за здравиот начин на живот, исхрана, физичка активност и превенција од кардиоваскуларни заболувања.

<

Во изјава за медиумите, проф. д-р Елена Ќосеска од ИЈЗ истакна дека во Република Северна Македонија во изминатите 10тина години постои тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања.

„Тоа пред сѐ се должи на намалениот број на смртни случаи од исхемични болести на срцето, церепроваскуларните болести или со други зборови акутниот инфаркт на срцето и мозочниот удар. Тоа сметаме дека е резултат на долгогодишната борба да работиме повеќе на превенција на заболувањата, односно превенција на ризик факторите кои доведуваат до овие заболувања, како што се употребата на тутунот, неправилната исхрана, слабата физичка активност, голема и неконтролирана употреба на алкохолот и секако стресот“, потенцираше д-р Ќосеска.

Таа изјави дека Институтот за јавно здравје, заедно со 10те центри и сите здравствени установи од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита активно се вклучени под покровителство на Министерството за здравство во сите активности во делот на промоција на здравје, превенција на болести, раното откривање на болестите како што се хипертензијата или покачениот крвен притисок, покаченото ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и зголемената телесна тежина.

тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...