-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЦело Баиро протестира против полициската бруталност. (Видео)

Цело Баиро протестира против полициската бруталност. (Видео)

spot_img

Дојдоа на местото каде се случи полициска бруталност да го изразат својот револт, но и да подадат рака за помирување. Битолските Роми денеска излегоа на протест на улицата кај главната Пошта каде во понеделникот неколку нивни сограѓани беа претапани од полицајци, откако под дејство на алкохол со автомобил удрија во електричен столб. Со транспаренти „Стоп за полициската бруталност“, „Едно општество за сите“ преку Широк Сокак дојдоа до зградата на полицијата и упатија порака – вакво насилство никогаш да не се повтори. Симболично ромските деца им подарија цвеќе на полицајците.

ОВИЕ МЛАДИ ДЕЦА СЕ ИДНИНАТА НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО И ТРЕБА ДА ГИ ГЛЕДААТ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КАКО ЗАШТИТА, А НЕ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ. ОВА Е ГЕСТ ЗА ПОМИРУВАЊЕ И САКАМЕ ДА НЕ СЕ СЛУЧУВААТ ПОВЕЌЕ ВАКВИ НЕМИЛИ НАСТАНИ, САКАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА, РЕЧЕ РЕМЗИ МЕДИК, ОД НВО „БАИРСКА СВЕТЛИНА“

Полициската бруталност не смее да биде казна за оние што не ги почитуваат законите, порачаа од протестот и го осудија насилството врз Ромите, но и насилството врз полициските службеници. Побараа да престанат поделбите и на социјалните мрежи.

КАКО ШТО ИМАМЕ ПРАВА, ТАКА ИМАМЕ И ОБВРСКИ. ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРОПИСИТЕ И ЗАКОНИТЕ, НО ПОЛИЦИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ТЕПА, ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СИТЕ ПОСТАПКИ КОИ ШТО ПОСТОЈАТ, ВЕЛИ ФАТАМА БАЈРАМ АЗЕМОВСКА, НВО „СУМНАЛ“-БИТОЛА

 

ДА НЕ СЕ СЛУЧУВААТ ВАКВИ РАБОТИ ВЕЌЕ И ГИ МОЛАМ СИТЕ ЛУЃЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ДА НЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА, РЕЧЕ САМЕДИН.

МВР вчера поднесе кривична пријава против полицаецот од СВР Битола за малтретирање при вршење на службата. Исто така против него и против неговиот колега кој бил присутен на настанот а него спречил насилството, покренати се дисциплински постпаки и суспендирани се од работните места. Ромите кои беа физички нападнати од полицијата велат дека се уште се во шок.

ИМАМ 52 ГОДИНИ, А НЕ СУМ ИМАЛ НИ КРАЖБА, НИ СУМ БИЛ ВО ЗАТВОР. ТАА ВЕЧЕР БЕВМЕ МНОГУ МАЛТЕРТИРАНИ ОД ПОЛИЦИЈАТА, РЕЧЕ САФЕТ ВЕЛИОСКИ.

 

ЈАС МУ ВЕЛАМ НЕ ГО ТЕПАЈТЕ ДЕТЕТО, ТИЕ ПОЧНАА ДА МАВААТ ПО МЕНЕ СО КЛОЦИ, СО ПЕНДРАЦИ, РЕЧЕ НЕВЗАТ ЈАШАРОВСКИ.

Учесниците на протестот побараа да запре дискриминацијата врз ромското население, не само од страна на полицијата, туку во секој сегмент од општеството.

ИМАМЕ СУДСКИ ПОСТАПКИ, ЗА СРЕЌА ГИ ДОБИВМЕ. НИ СЕ ЗАБРАНУВА ВЛЕГУВАЊЕ ВО БАЗЕНИ, ИЗДАВАЊЕ НА РЕСТОРАНИ ЗА СЕМЕЈНИ ВЕСЕЛБИ, НИ СЕ ЗАБРАНУВА ВЛЕГУВАЊЕ ВО КАФИЧИ И ДРУГИ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЕЈКТИ, РЕЧЕ РАМАДАН РУСТЕМОВ, НВО „РОМСКО ЈАТО“

По денешниот протест на Ромите во Битола, против полициската бруталност, на социјланите мрежи за во среда се најавува контрапротст за поддршка на полициските службеници од СВР Битола кои се суспендирани од работните места.

Емилија Мисирлиевска
Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...