21.1 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Како што успеавме да го решиме спорот за името, така ќе...

Заев: Како што успеавме да го решиме спорот за името, така ќе успееме да го решиме и спорот за Гоце Делчев !!

Историјата е многу важна и за двете страни, но тоа мора да биде појдовна основа за градење на иднината. Самиот договор и обврската преземена и од Северна Македонија и од Бугарија е двете страни да ги изнаоѓаат историските периоди и личности низ призмата на добрососедството. Како што беше постигнат договор за добрососедство и за пет историски лика, верувам дека ќе постигнеме договор и за Гоце Делчев. Само да не се обидува ниту една страна да си присвои нешто, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

Нагласи дека е важно е да се разграничи дека ова е прашање на мешовитата Комисија, а не на политиката.

– Сакаме Комисијата како што ги реши и Свети Кирил и Методиј, и Свети Наум, и Климент Охридски и Цар Самоил во духот на таа заедничка историја, за заедничко славање, верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев. Наше е да ги охрабриме, изјави Заев вечерва во интервју на Канал 5 телевизија.

Борисов, рече Заев, е мој личен пријател и со сите договори во изминатите години само го јакнеме тоа пријателство.

– Договорот со Бугарија многу јасно предвидува градење на единство, на добрососедство и на пријателство. Договорот е двонасочна улица и двете страни имаат обврска. Нашиот исчекор беше прифаќањето на заедничка историја, исчекорот на Бугарија беше двата народи и македонскиот и бугарскиот народ и е потпишана на македонски и на бугарски јазик. Апсолутно идентитетските прашања, ниту една европска земја, ниту влада, ниту политика треба да ги става под прашање. Тоа прашање на самоидентификација, изјави Заев.

Важно е, нагласи Заев, дека Бугарија зема низ тој договор обврска да не поддржува во нашите европски и евроатлантски интеграции.

– Со Борисов разговаравме за Берлинскиот процес и како тоа да го организираме и како да ги мотивираме европските лидери да ни дојдат, оти одлучивме со физичко присиство да го правиме тоа. Тоа е 10 ноември, а потоа разговарваме и за економијата, изјави Заев.

Тој посочи дека во телефонскиот разговор со Борисов станало збор и за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и унапредување на економската соработка.

– Мудрите и паметни политики на неизбрзување, ја направија Република Северна Македонија да биде успешна во исполнување на своите стратешки цели од коишто пак зависи и животот дома, економски и перспективен за сите граѓани, оцени премиерот Заев во врска со прашањето дека Владата не реагираше на Меморандумот кој се појави во јавноста, дека Бугарија поставува услови за Северна Македонија од кои зависи преговарачкиот процес на земјата.

Заев повтори дека е потребна внимателност и да се даде шанса за постигнување на решенија. Тој посочи, дека изминатите 30 години, не научија дека така не се решаваат проблемите, туку само се таложат.

– Затоа и времето покажа, со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија дека политичарите кои носат храбри одлуки за својата земја, не значи дека губат избори, граѓаните знаат и да ги наградат, оцени Заев.

Телма.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...