16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСтаорец доби орден за храброст. (Видео)

Стаорец доби орден за храброст. (Видео)

Африканскиот гигантски торбаст стаорец Магава беше награден со престижен златен медал за неговиот придонес во пронаоѓањето мини во Камбоџа. Магава откри 39 мини и 28 парчиња други неексплодирани убојни средства.

Британското ветеринарно хуманитарно здружение ПДСА му додели златен медал за „неговата пожртвувана должност во спасување животи и расчистување на смртоносни мини во Камбоџа“, пренесува Би-Би-Си.

Се проценува дека во таа азиска земја има до шест милиони мини.

Во златниот медал се врежани зборовите „За храброст или посветеност на должноста“. Од 30 животни кои го добиле медалот, Магава е првиот стаорец.

Седумгодишниот глодар беше обучен од белгиската хуманитарна организација „Апопо“, со седиште во Танзанија. Организацијата обучува огромни африкански торбести стаорци, познати како „херојски стаорци“, уште од 90-тите години за откривање на нагазни мини и туберкулоза кај луѓето.

Животните поминуваат низ едногодишна обука.

„Овој златен медал е голема чест за нас, но исто така и за луѓето во Камбоџа и за сите луѓе ширум светот кои се соочуваат со опасностите од нагазни мини“, вели извршниот директор на „Апопа“, Кристоф Кокс.

Специјалист за откривање мини

Магава, кој е израснат во Танзанија, тежи околу 1,2 килограми и е долг 70 сантиметри. Иако е поголем и потежок од другите видови стаорци, Магава е сè уште мал и лесен за да не ги активира мините доколку ги нагази.

Стаорците се обучени да го користат своето извонредно чувство за мирис за да детектираат хемиски соединенија во експлозиви и да го игнорираат металот во земјата, што често ги забавува човечките екипи во расчистувањето на областите од мини.

Кога ќе пронајдат експлозивна направа, тие почнуваат да ја гребеат површината за да ги предупредат своите  колеги-деминерите.

Магава може да пребарува поле со големина на тениско игралиште за само 20 минути, додека еден човек со детектор за метал помеѓу еден и четири дена.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...